Најуникатниот локал на МекДоналдс во светот (фото)

Дали можете да замислите како јадете „Big Mac“ во просторија во класичен стил со свеќи на масата?

najunikatniot-lokal-na-mekdonalds-vo-svetot-foto-01.jpg

Во локалите на најголемиот синџир на ресторани за брза храна МекДоналдс има одредени варијации, но тие сепак следат точно определени правила и изгледаат слично.

Токму затоа ќе ве изненади изгледот на локалот на МекДоналдс во Мејн во САД. Тој е во елегантен класичен стил со златни лакови, формална трпезарија, дрвени столици и маси со свеќи.

Куќата е изградена во 1850 година, а во 1984 е претворена во МекДоналдс. На синџирот за брза храна не му било дозволено да прави драстични промени во куќата и морал да го задржи викторијанскиот стил.

najunikatniot-lokal-na-mekdonalds-vo-svetot-foto-02.jpgФотка од минатото

Дури и менито во овој МекДоналдс е поинакво, па таму можете да консумирате и лосос.

Но, ова не е единствениот исклучок на МекДоналдс. Необични локали има и во Њујорк и Охајо, сепак, овој навистина се издвојува.

Како ви се допаѓа овој поинаков локал?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Талентирана девојка од Скопје создава нереални мурали на зградите и по локалите кај нас „Често луѓето ја гледаат само финалната слика, но зад секој мурал стојат часови ...

Најчитани неделава