13-те најубави „машки дувла“ во светот

При уредувањето на секој дом, најважно (или една од најважните работи) му е неговото посебно „катче“. Сонот на секој маж е да си има просторија каде што ќе може на раат да го гледа натпреварот, или да се напие по некоја со другарите.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot1.jpg

Еве ги најубавите „машки дувла“ во светот:

А, кој не би сакал да го гледа светското првенство во оваа просторија? Заборавете на одењето во бар или паб, вистинското уживање за време на светското првенство е во оваа соба.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot2.jpg

Уште една одлична соба за следење на спортските натпревари. Вештачката трева е и повеќе од доволна за да ве опушти и натера да заборавите на вашите проблеми.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot3.jpg

Еве една просторија која е наменета за вистинските уживачи на спортските натпревари. Кој не би сакал да ги следи натпреварите на омилениот клуб во ваков амбиент?

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot4.jpg

На секој музичар и љубител на музиката нема да му смета да има ваква просторија во неговиот дом. Ова е совршеното место да го „дегустирате“ новиот албум на вашиот омилен бенд, или да се пофалите со вашите музички дела пред пријателите.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot5.jpg

Еве просторија која не би ја одбиле љубителите на научната фантастика. Ова е совршеното место за играње на вашите омилени игри, или филмски маратон со вашите омилени филмови.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot6.jpg

Доколку сакате да следите повеќе натпревари од еднаш (или сте зависник од спортски обложувалници), ова е вистинскoто место за вас.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot7.jpg

Заменете ги дресовите и шлемовите со оние од вашиот омилен тим, и следете ги неговите натпревари со стил. Доколку нема натпревар, можете да ги поканите пријателите на по некоја партија ФИФА.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot8.jpg

Оваа просторија има сѐ што ви треба: Мотор, билијард, телевизор и многу, многу стил.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot9.jpg

Билијард, телевизор и мини бар... Што друго би можеле да посакате? Оваа просторија гарантира незаборавни собиранки за вашето друштво.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot10.jpg

Вратете се во минатото со оваа колекција на флипери и музички плочи. Оваа соба е совршената комбинација за секој гејмер од '90-тите.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot11.jpg

Книги и музика... Замислете си го слушањето на омилениот музички албум на ова озвучување, проследено со пауза за читање на омилената книга... Совршенство!

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot12.jpg

За љубителите на вино, еве една одлична идеа. Направете вашите пријатели да се чувствуваат како витезите на тркалезната маса, само наместо со ладни оружја, поминете ја вечерта со вино на собна температура.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot13.jpg

Вистинските фанови на филмот, не би ѝ рекле „не“ на оваа соба. Мини кино, украсено со колекции од омилените филмови... бесценето.

13-te-najubavi-maski-duvla-vo-svetot14.jpg

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава