Иновација од ИКЕА - Завеси кои го прочистуваат воздухот дома
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бравар 19-04-2019


Иновација од ИКЕА - Завеси кои го прочистуваат воздухот дома

Ако имате доволно зеленило во домот, воздухот ќе биде почист и посвеж за дишење. Но, ИКЕА отиде чекор подалеку, па тврди дека новите завеси за прочистување на воздухот имаат многу подобар ефект.

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-01.jpg

Шведскиот гигант во производство на мебел, создаде завеси кои имаат за цел да го прочистат воздухот во просторот во кој живеете.

Технологијата функционира како фотосинтезата кај растенијата и користејќи сончева светлина, специјалната хемикалија која се испушта во просторот ги уништува сите загадувачи во воздухот.

Човекот кој стои зад идејата е Маурицио Афонсо вели дека за него најважно е да работи на производи кои се корисни за луѓето и производи кои всушност ги решаваат проблемите.

„Верувам дека секој заслужува да диши чист воздух.“

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-06.jpg

Афонсо пораснал во Бразин и се сеќава дека дишел загаден воздух кој постојано му создавал тежина во градите и правел да се чувствува лошо. Оттаму и идејата да помогне да го реши овој проблем, барем во рамките на домот.

Статистиките покажуваат дека преку 4 милиони лица годишно умираат поради загаденоста на воздухот.

Како ИКЕА се бори со овој проблем опасен по човечкиот живот?

Погледнете во видеото и низ фотките во продолжение:

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-02.jpg

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-03.jpg

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-04.jpg

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-05.jpg

inovacija-od-ikea-zavesi-koi-go-procistuvaat-vozduhot-doma-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бар во вид на трезор, избор на меки и тврди перници: Хотели кои мислат... Многу хотели низ светот се обидуваат да одржат високо ниво и да ги задоволат гос...
10 брилијантни изуми кои го прават секојдневниот живот подобар Како што сите знаеме, среќата е во малите нешта. На сите во секојдневието н...
Идеи за бели, снежни новогодишни декорации од Pinterest (фото) Како најбрзо да го претворите домот во зимска бајка? Бели, снежни декорации во с...