10 библиотеки кои изгледаат како да се излезени од волшебниот свет на Хари Потер

Португалската кралска библиотека, Бразил

Оваа библиотека ја има најголемата колекција на португалски дела надвор до Португалија. Изградена е во 1887-ма година и има дури 350.000 книги, вклучувајќи и некои ретки изворни ракописи. Покрај книгите, во библиотеката можат да се најдат и други уметнички дела кои ја прикажуваат историјата на Португалија.

10-biblioteki-koi-izgledaat-kako-da-se-izlezeni-od-volshebniot-svet-na-hari-poter-07.jpg

Музејот и библиотека Rijksmuseum, Амстердам

Оваа библиотека е уметничко дело сама по себе. Металните огради и спиралните скалила водат низ повеќето катови со книги кои се осветлени со природна светлина – огромниот плафон има стаклена купола. Библиотеката е посветена на холандската историја и уметност.

10-biblioteki-koi-izgledaat-kako-da-se-izlezeni-od-volshebniot-svet-na-hari-poter-08.jpg

Јавната библиотека во Бостон

Библиотеката во Бостон има вистинска магија во својата архитектура. Покрај тоа, овде можете да најдете некои од најретките дела во светот. Она што почнало како скромна училишна библиотека, се претворило во место со 23 милиони книги, помеѓу кои се наоѓаат и оригинални записи од Вилијам Шекспир и Моцарт.

10-biblioteki-koi-izgledaat-kako-da-se-izlezeni-od-volshebniot-svet-na-hari-poter-09.jpg

Библиотеката George Peabody, Балтимор

Оваа библиотека е направена во знак на благодарност за луѓето од Балтимор и за нивното гостопримство. Библиотеката има 300.000 книги и многу наслови од областа на религијата, британската уметност, историјата, архитектурата, географијата и слично.

10-biblioteki-koi-izgledaat-kako-da-se-izlezeni-od-volshebniot-svet-na-hari-poter-10.jpg

Националната библиотека на Франција

Оваа библиотека е направена во далечната 1666-та година. Внатрешноста е украсена со светло обоен мермер, камени ѕидови и изрезбани тавани со мермерни дискови.

10-biblioteki-koi-izgledaat-kako-da-se-izlezeni-od-volshebniot-svet-na-hari-poter-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg