Уникатни дизајни кои може да ви го „спасат“ денот
Зарем не би било совршено ако некој постојано создава решенија за нашите секојдневни проблеми?

Очигледно, на некои дизајнери одлично им тргнало во оваа цел.
Во продолжение погледнете неколку уникатни дизајни кои со сигурност некогаш ви затребале или може да ви се најдат во разни ситуации.
Светот би бил подобар кога би имало повеќе луѓе со уникатни идеи како овие:
Безбедно место каде може да го оставите кучето на топло додека пазарите

Јавна вреќа за удирање кога нешто ќе ве изнервира среде улица

Јавен тоалет со послужавник на кваката за да има каде да ги оставите вашите додатоци и да не ги заборавите

Апарат на паркинг каде може да си го измерите нивото на алкохол пред да влезете во автомобил

Скали во компанија кои навечер светат – за оние кои заглавуваат до подоцна да се симнат безбедно

Кеса со исечени ќошиња за кутиите со пица да може да се пренесуваат исправено

Маска за спиење со две страни за во авион стјуардесите да знаат дали да ве будат за оброк или не

Лопатка за собирање ѓубре со чешел за чистење на метлата

Специјални гардеробери за палта на пушачи и на непушачи

Фрижидер со ротирачки полици за полесна достапност до намирниците

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив)
Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично
Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото)
Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...