Ким и Канје ги отворија вратите од нивниот луксузен минималистички дом во Лос Анџелес (фото)

Ким Кардашијан и Канје Вест им го покажаа нивниот дом од соништата на фановите.

kim-i-kanje-gi-otvorija-vratite-od-nivniot-luksuzen-minimalistichki-dom-01.jpg

Футуристичкиот дом на имотот Hidden Hills во Лос Анџелес го чинел парот 20 милиони долари, а им биле потребни 4 години за да го претворат во она што го сакаат.

Тие започнаа со реновирање во 2013-та, а се вселија дури во 2017-та.

Ким и Канје го покажаа домот во склоп на интервју за Architectural Digest и открија дека Ким сè уште нема влезено во базенот.

Ким додаде и дека немале џакузи бидејќи Канје сметал дека нема да се вклопи со ентериерот и ќе изгледа чудно.

Омилената просторија на парот е главната бања, а велат дека децата им служеле како инспирација за дизајнирањето на секој агол од домот.

Парот работел на новиот дизајн на куќата со белгискиот дизајнер Аксел Вервордт и, очигледно, завршиле одлична работа.

Погледнете како изгледа минималистичкиот дом на Канје и Ким:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава