Дечиња од прилепско училиште прават рачни изработки од карантин (фото)

Тие не дозволуваат короната да им ја затиши кретивноста и испраќаат позитивна енергија до сите со шарените рачни изработки.

dechinja-od-prilepsko-uchilishte-pravat-rachni-izrabotki-od-karantin-foto-01.jpg

Тимот Pancakes е составен од ученици од СОУ „Ѓорче Петров" - Прилеп. Тие се млади креативци полни со позитивна енергија и талент и се светла точка во овој тежок период.

„Претходно организиравме активности во нашето училиште. Со оваа новонастаната ситуација се мотивиравме да направиме нешто интересно за нас, но и нешто што ќе ги усреќи другите. Дадовме можност и го проширивме нашиот тим со ученици од други училишта.

Додека трае карантинот секој од нас изработува различни изработки. Сите тие изработки кои моментално ги имаме околу 150 ќе бидат поделени на случајни минувачи во центарот на градот по завршување на оваа вонредна состојба.

Целта на оваа наша акција е да создадеме насмевки и среќа и да ги потсетиме луѓето дека животот продолжува и после овој вирус“, изјавија тие.

Дел од нивните изработки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тетоважи со моќно значење и скриени животни приказни (фото) Симбол за нечујно нацртан зад глуво уво, прегрнати раце на споени прсти, нокти и...
Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...

Најчитани неделава