Направете сами: Првоаприлски маски од познатите цртани херои за вашите деца
Ни се ближи еден од омилените денови на најмалите, а честопати и родителите уживаат во истиот. 1 април - денот на шегата, смеата, денот кога сакаме да се маскираме и да уживаме за момент во безгрижноста.

Колку децата се радуваат на маските, толку се радуваат и родителите, затоа што преку нив, ете и ние се присеќаме на детството и можеме да бидеме креативни и да „си играме“.
Кои се омилените цртани ликови на вашите малечки?
Продавниците за играчки се полни со готови маски и костими за деца, но еве неколку идеи за маски на познатите цртани херои што би можеле да ви се најдат доколку сте решиле да бидете креативни и сами да ја направите маската.
Може да користите и готови шаблони кои ќе ги отпечатите и залепите на поцврста подлога, а ќе ви користат како маска на лицето.
1. Патролни шепи


2. Пепа прасе

3. Дора истражувачката

4. Еднорог


5. Том и Џери

6. Мики и Мини Маус

7. 101 далматинец


Погледнете уште неколку идеи тука.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Пинтерест