Тату артистка црта уметнички дела врз лузните на телото на жените за да си ја вратат самодовербата

Нгок е млада тату артистка од Виетнам која се обидува да им ја врати самодовербата на жените кои имаат видливи лузни на телото, правејќи им живописни тетоважи инспирирани од природата.

tatu-artistka-od-vietnam-im-pomaga-na-zhenite-da-gi-pokrijat-luznite-na-teloto-so-tetovazhi-i-da-si-ja-vratat-samodoverbata-foto-01.jpg

Секој од нас сака да изгледа убаво, а на сите ни е потребна голема самодоверба за да се чувствуваме убаво во „своја кожа“. Но, за жал, обично на луѓето кои имаат големи, видливи лузни на нивното тело им е тешко да поверуваат дека и тие се убави, иако лузните се дел од нас.

Без разлика дали од повреда, операција, изгореница или што било, големите лузни можат да ја разнишаат сечија самодоверба. Токму овде истапува младата тату артистка од Виетнам, Нгок, која има една цел – да им ја врати самодовербата на жените кои имаат големи лузни на телото, така што ги прекрива со живописни тетоважи.

„Секоја жена е убава. Не сакам ниту една од нив да страда поради нејзините лузни“, вели Нгок.

tatu-artistka-od-vietnam-im-pomaga-na-zhenite-da-gi-pokrijat-luznite-na-teloto-so-tetovazhi-i-da-si-ja-vratat-samodoverbata-foto-02.jpg

Младата девојка најчесто тетовира шарени цветови и дизајни инспирирани од животните и ги претвора лузните на жените во мало уметничко дело. Секој дизајн е внимателно направен, така што воопшто не се забележува дека под тетоважата има лузна.

tatu-artistka-od-vietnam-im-pomaga-na-zhenite-da-gi-pokrijat-luznite-na-teloto-so-tetovazhi-i-da-si-ja-vratat-samodoverbata-foto-03.jpg

Нгок е доста популарна во Виетнам и вели дека сака да им помогне на луѓето да сфатат дека тетоважите се еден вид креативно изразување.

„Се надевам дека мојата приказна ќе им даде нова перспектива на луѓето за уметност на тетовирањето. Дека ќе сфатат дека неретко тетоважите имаат и закрепнувачка моќ.

Пресреќна сум што можам да ги намалам предрасудите за тетовирањето во Виетнам, но и што ги инспирирам луѓето чија самодоверба страда поради нивните лузни. Што ги инспирирам да ги затворат нивните рани со значајно уметничко дело и да живеат среќен и исполнет живот каков што сите заслужуваме“.

tatu-artistka-od-vietnam-im-pomaga-na-zhenite-da-gi-pokrijat-luznite-na-teloto-so-tetovazhi-i-da-si-ja-vratat-samodoverbata-foto-04.jpg

Погледнете дел од најдобрите тетоважи на младата артистка:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...
13 најглупави знаци од државите низ светот - има ли вакви во Македонија? „Дупка без дно. Длабока 19 метри“. Правило во ресторан: „Без тепање на гостите“....
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg