„12 величествени“, „М2 потрага по ѕвезда“: Гламурозни манифестации кои не постојат, а би сакале да се вратат

„М2 Потрага по ѕвезда“

Музичката продукција М2 на Дарко Димитров и Иво Јанковски го имаше еден од најуспешните музички проекти кај нас – натпреварувањето во кое се избираше ѕвезда или неколку ѕвезди одеднаш.

Младите таленти се пријавуваа на аудиција, потоа минуваа неколку кругови, за на крај, финалистите да добијат своја песна и со неа да пеат во финалето, кога публиката и жирито гласаа за најдобриот.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat-06_copy.jpg

Иако траеше само неколку години, со овој проект се прославија некои од најпопуларните македонски музичари кои се активни и денес.

Елена Ристеска е прв победник на шоуто, а по неа победи Ламбе Алабакоски.

Кога „М2“ бараше соѕвездие, на натпреварот победија 4Play.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat-05.jpg

Но, меѓу оние кои привлекоа внимание со учеството во М2 се и Туна Сејдиу, Александра Пилева, Бојана Скендеровски, Сања Лефкова, Емил Арсов, Сара Маркоска и многу други.

„Скопски фестивал“

Еден од првите музички фестивали кај нас е Скопски фестивал кој првпат се одржал во 1968 година и продолжил до 1980.

Во ова кратко време, фестивалот бил еден од најголемите музички настани во Југославија и тука настапувале најголемите југословенски ѕвезди.

Фестивалот е возобновен во 1994 година, а музичарите на почетокот пееле придружувани од оркестарот на МРТ.

12-velichestveni-m2-potraga-po-dzvezda-glamurozni-manifestacii-koi-ne-postojat-a-bi-sakale-da-se-vratat-07.jpg

На овој гламурозен настан неколкупати се избираше и македонскиот претставник за Евровизија.

Прв македонски претставник кој се избра на фестивалот беше Владо Јаневски, кој во 1998 година победи со песната „Не зори зоро“.

И покрај огромната популарност, фестивалот последен пат се одржа во 2015 година, а тогаш победи дуото „Eye Cue“ со песната „Убава“.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фиксен телефон, џамлии: Ретро фотографии кои ќе ве потсетат на детството и ќе ве направат носталгичн... Немаше паметни телефони, туку само фиксни, се играше со џамлии, пластелин, топка...
„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вр... Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холиву...
Чкртаниците на клупите се неми сведоци за образовниот хаос што ни се случува Дали некогаш сте се запрашале што се крие зад насмевката на учителката којашто г...
„Ах, ми недостига времето кога за родендени јадевме ресана и си купувавме моливи, денес родендените ... Порано, раните 90-тите, во моите детски години, родендените се славеа едноставно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg