Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници кои ќе ви ги стоплат срцата
1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со филм и се развиваа во фото-студио, кога сите се облекуваа од дома за фоткање, и најчесто сами се грижеа за шминката и фризурата (освен ако не беше некој важен настан во прашање).

Денешните деца никогаш нема да знаат како беше во 1990-те и 2000-те години кога едвај чекавме да излезе новиот број на „ТАА“, „Екран“, „Котелец“, „Тин шема“, „Скок“, „Антена“...
Тоа беа местата каде што од блиску се „запознававме“ со естрадата, наоѓавме постери, читавме за актерите, спортистите, музичарите.
Тоа беше и време кога фотките за насловна се правеа со апарат со филм, па се развиваа во фото-студио, кога сите се облекуваа од дома за фоткање, а најчесто сами се грижеа за шминката и фризурата (освен ако не беше некој важен настан во прашање).
Денес, кога ќе ги погледнеме насловните страници од тоа време, ни се топи срцето - на пример Игор Џамбазов на свои 24 години (во 1987-ма) на насловната на „Котелец“ како младо момче, или Тодор Гечевски како тинејџер на насловната на спортски „Скок“.
Повозрасните ќе се сетат и на Каролина и нејзината тренди фризура со мини кики од 1999 година, но и на првите големи концерти на Тоше или „Суперхикс“.
На Инстаграм страницата „Старо Скопје“, неодамна беа споделени 20 ретро насловни страници.
Погледнете дел од нив во продолжение:
Суперхикс

Меморија

Каролина Гочева

Дуле и Коки

Сања Николиќ и Александар Дадар

Игор Џамбазов
