Предмети од детството кои сите ги сочувавме

Подрумите и таваните ни се преполни со работи кои за ништо не ни служат во секојдневниот живот, но не сме имале срце да ги фрлиме. Сите тие ситници кои лежат заборавени во кутиите во главно сеспомените од детските денови - од пожолтени писма, до првите музички компилации на касети.

predmeti-koi-site-gi-socuvavme-od-detstvoto-01

Значки
Сите ги имаме, бидејќи обично како млади ги наследувавме од своите родители или баби и дедовци. Значките обично ги добивавме зацврстени за некој албум со таква намена. Најчесто заедно со нив одеа и безброј анегдоти кои ги паметиме до ден денес.

Споменар
Откако го совладавме читањето и пишувањето, одма научивме како да ги искористиме тие вештини. Споменарите беа единственото место каде што ги откривавме детските тајни, а потоа ги заклучувавме со минијатурно клуче и катанче.

Писма и разгледници
Допишувањата од младоста не се одвиваа по електронски пат, туку по различни шарени и миризливи хартии.

predmeti-koi-site-gi-socuvavme-od-detstvoto-02

Дневник
Кога веќе сме кај различните испишани листови, посебно место имаат и дневниците. Иако веројатно завршуваат заедно со куп на хартии, дневниците ни се посебни бидејќи не потсетуваат на она што сме биле. Плановите на тие парчиња хартија изгледаат беспрекорно, се сеќавате?

Плишани играчки
Со години ни правеа друштво во креветот. Ги гушкавме додека спиевме или пак им ги подместувавме рацете и ножињата додека бевме будни. Покасно дојде времето кога им ги затворавме очите за да не гледаат што се случува во креветот, а потоа преминаа на полиците или во кутиите спакувани за нови, млади детски авантури.

Касети и плочи
Нашите први компилации можеби не беа на грамофонски плочи, но затоа касетите сè уште ги чуваме на едно купче. Незаменливо беше чувството кога прстот ни трнеше од силното и непрекинато вртење, бидејќи само тоа беше начинот на кој можевме повторно и повторно да ја слушаме омилената песна.

predmeti-koi-site-gi-socuvavme-od-detstvoto-02 1

Првото превозно средство
Можеби се работеше за велосипед со 4 тркалца, можеби за пластичен автомобил со педали, а можеби и за тротинет. Без оглед на распоредот и бројот на тркалца или кочници, сите наши први возила остануваат некаде низ домот за следните генерации или пак само за враќање на спомените.

Нокшир
Додека бевме мали, немавме дрвени коњчиња или пак пластични играчки на кои јававме, затоа што нокширот покрај првичната потреба, имаше одлична улога и како играчка за јавање. Тие симпатични тоалети имаа прекрасен облик и беа неверојатно удобни. Сигурни сме дека сите имате барем една фотографија на овие малечки тоалети.

Книги и сликовници
Некои имаа омилени книги, додека некои други обожаваа да ги разгледуваат цртежите во сликовниците. Познатите бајки не беа единствените раскази кои ги чуваме. Некогаш се работеше за гусарски приказни или пак вили и животинчиња кои зборуваат. За разлика од сите останати предмети од детството, книгите и сликовниците се оние кои непрекинато се пренесуваат од генерација на генерација.

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Дечињата со посебни потреби се птици со скршени крилја – тие се убави како и сите други, само им тре... Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg