Писмо до момците на кои никогаш не им вратив на пораката

Порано жените чекаа со часови покрај телефоните, да добијат повик од момчето со кое биле излезени на состанок. Немало интернет и социјални мрежи, туку само отежнато дишење во комбинација со прашањето „Зошто сѐ уште не ми се јавува?”.

pismo-do-momcite-na-koi-nikogas-ne-im-odgovoriv-na-porakata-1

Жените ги даваат своите броеви со надеж дека ќе добијат повик, а јас чувствувам огромна грижа на совест што постојат пропуштени повици на кои никогаш не им одговорив.

Понекогаш ќе се запрашам, зошто воопшто го давам бројот, а одбивам да кренам слушалка?

Мислам дека должам едно големо извинување до сите оние кои од мене единствено добија звучен сигнал од телефонската секретарка.

„Драги,

Најпрво, би сакала да ти честитам. Потребна е огромна храброст да пријдеш на некого кој ти е привлечен, а малкумина го можат тоа. Ова што го стори ти е навистина за пофалба и посакувам многу луѓе да ја имаат таа твоја особина.

Те замолувам, што и да се случи после ова писмо, никогаш не се откажувај од тој твој квалитет што го имаш.

Па, што ако една девојка не одговорила? Има уште многу риби во морето, сигурно ќе бидеш добро.

Ти благодарам, бидејќи ме натера да се чувствувам ценето и посакувано. Мојата самодоверба се зголеми откако го добив твојот повик, особено кога знам дека токму мене ме одбра од сите други.

Започнавме разговор, изгледав заинтересирано, флертував, ти го дадов мојот број, но повеќе никогаш нема да чуеш за мене.

pismo-do-momcite-na-koi-nikogas-ne-im-odgovoriv-na-porakata-2

„Зошто? Тоа нема логика!”

Ти навистина ми се допадна, но тоа сценарио нема шанси да го повторам. Ние се сретнавме додека бевме излезени. Алкохолот го подигна нивото на твојата самодоверба, а јас се скрив зад шминката и убавиот фустан. Дали сѐ уште ќе ти се допаѓам во четврток на попладневно кафе?

„Но, меѓу нас имаше хемија?”

Немој да мислиш дека се правам „тешка“ за освојување, но повеќето девојки ги даваат своите броеви автоматски и тоа не значи дека навистина им се допаѓаш. Едноставно, понекогаш се плашиме да ве одбиеме или не можеме да го прекинеме разговорот со вас, па најлесен начин е да го дадеме нашиот број. Извини што сум кукавица, но давањето на бројот ми изгледа како учтива и фина работа која можам да ја направам.

„Зошто ми го даде бројот и одби да одговориш?”

Иако минатата ноќ имавме многу да си кажеме, сега навистина не ми се зборува. Ако јас ти одговорам на повикот ќе заглавиме обајцата со илјадници прашања, а јас навистина не сум заинтересирана да ги одговарам.

„Составување на порака не одзема многу време.”

Можеби навистина сум зафатена! Имам свој живот и не сум покрај телефонот 24/7 за веднаш да ти напишам порака. Понекогаш сум многу уморна и заборавам да ти вратам на пораката, а откога ќе се сетам веќе поминало премногу време и нема логика да ти одговорам.

pismo-do-momcite-na-koi-nikogas-ne-im-odgovoriv-na-porakata-3jpg

„Не си заинтересирана?”

Можеби сум во „оние денови”, имам лош ден, не се чувствувам добро...Ништо од ова не е точно. Ако сакав да ти одговорам на пораката, ќе го сторев тоа без изговори.

„Само сакам да разговараме. Не те форсирам.”

Сепак ме форсираш и нема потреба повторно да ме потсетуваш со уште еден повик или порака, откако не сум ти одговорила на првото твое барање. Колку повеќе се обидуваш да го добиеш моето внимание, толку повеќе ќе одбивам да ти го дадам.

„Добро, биди таква. Ти губиш.”

Нема потреба да бидеш нервозен и лут кон мене. За жал, воопшто не те ни познавам. За мене си странец. Таквите пораки нема да ме натераат да ти се јавам, туку целосно ќе ја изгубам сликата што ја имав за тебе, кога првпат разговаравме и кога помислив дека си супер момче.

Понекогаш е подобро да не одговорам на пропуштениот повик, во оние ситуации кога нема никаква историја меѓу нас, ниту пак емоции.

Навистина се извинувам за моите антисоцијални однесувања и сакам да додадам дека не сите девојки се како мене. Затоа немојте да се разочарувате. Продолжете понатаму и гледајте на мене како ништо повеќе од само интересен разговор во една случајна ноќ.

Заборавете на мене и најдете некоја која навистина е заинтересирана. Ќе ви стане јасно дека сте ја нашле вистинската, бидејќи таа ќе ви одговори на пропуштениот повик.

Сѐ најдобро...“

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg