Зарем не ви е така ладно без душа?

Моментално сум расеана, како и многу од вас во денешно време.

zarem-ne-vi-e-taka-ladno-bez-dusa-1.jpg

Така ми кажаа и вчера кога ми гледаа на кафе, се правев заинтересирана дека ги слушам, внимателно, со прашалници во очите, како да им верувам, тоа го научив неодамна, да глумам.

Маска пред сите, ја носиш цел ден, ја вадиш само пред спиење, постојано си на резерва стравувајќи да не бидеш повреден.

Проверуваш чувства, мисли, движења, потези, размислувања, приказни по два-три пати, можеби и десет само да се осигураш дека се вистинити.

Но, повторно шеташ со маска, бидејќи иако се лажеш себеси и другите дека им веруваш, ти никогаш нема да го направиш тоа, да се препуштиш повторно, целосно, искрено.

Тоа го сфатив денес.

Никогаш повторно нема да бидеме исти откако еднаш нашата доверба ја изневериле оние за кои сме мсилеле дека никогаш нема да го сторат тоа.

Имам мешавина од чувства во мене, од која ми се гади, се обидувам да гледам во една боја, да се концентрирам на една работа, една точка, но не оди, ми се повраќа. Се прашувам кога ли ќе ја вратам повторно довербата во другите луѓе?

Некој ќе рече дека не знам што сакам, не знам што чувствувам. Во право сте, еднаш им верувам на луѓето, но во следниот миг ги ставам на тест, несигурна во нивната искреност.

Сето тоа зависи од моето расположение, а дозволив расположението да ми зависи од другите луѓе.

Кога не им верувам, се разочарувам, се потсетувам на оние неискрените и ги мразам, бидејќи тие ми ја скршиле довербата.

Кога ми е убаво со луѓето, сум радосна, се сеќавам на старите убави лаги маскирани во вистини и среќна сум.

Сакав само да ја спуштам мојата маска пред вас, сакав да ве охрабрам и вие да го сторите истото. Сакам повторно да им верувате на оние искрените околу вас кои не ја заслужуваат вашата ладнокрвност и маска под која се крие едно лице со лузни.

Ајде, сторете го тоа, каде ви е душата?

Зарем не ви е така ладно без душа? Јас замрзнав!

zarem-ne-vi-e-taka-ladno-bez-dusa-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg