Можеби ќе ти го скршам срцето, но...

Можеби ќе ти го скршам срцето, но повторно ќе ги соберам сите негови делови и ќе ги залепам со својата љубов.

mozebi-ke-ti-go-skrsam-srceto-no-1.jpg

Таква сум јас не ми замерувај, кршам се што се сомневам дека е реално, вистинско, вештачко, пластично.

Ако е пластично ќе се обидам да го изгорам се додека не се стопи, во тој случај ќе го оставам така како што е, стопено, искривена фигура на она што било но поминало, ќе го фрлам во корпата за рециклирање.

Можеби ќе ти го скршам срцето, но тоа ќе биде во случај само доколку те сакам, затоа радувај се ако слушнеш пукнатина, крик, плач на твоето срце бидејќи во тој момент нашите срце разговараат.

Се разбираат, веќе пронашле заеднички јазик, заеднички пукнатини кои би се надополнале една со друга, заеднички крик кој ќе се пригушува еден во друг, заеднички плач кој ќе се теши еден со друг.

Можеби ќе ти го скршам срцето, но повторно ќе речам само бидејќи вредиш, во спротивно би го оставила недопрено, целосно.

Се имаш запрашано ли зошто на љубовните слики со срце тоа постојано е разделено на две?

Секако дека се немаш запрашано, во спротивно би сфатил без да ти напишам…

Срцето кое е скршено крши друго срце за да може да се спојат две скршени половини кои ќе чукаат како едно!

Можеби ќе ти го скршам срцето, но ќе го поправам, не се грижи, прилепено за половина мое кое ќе чука само за да го одржува неговиот ритам!

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg