Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот!

tvoeto-premalku-za-nekogo-e-premnogu-ceni-si-go-zhivotot-a-01.jpg

Ти не си свесна, но имаш сè.

Имаш човек што те љуби.

Имаш луѓе кои за тебе би го искорнале срцето од градите.

Имаш можност да си ги оствариш желбите и го правиш тоа.

Колку и да се мали...

Да, да и тоа да си ги купиш штиклите што ти се допаѓаат.

Или да појдеш на патувањето на кое одамна посакуваш.

Па, дури и да се почестиш со топка сладолед од ф’стак, оној – твојот омилен, знаеш.

Да, на моменти тоа малку ти изгледа.

И сонуваш големи соништа.

Но, твоето малку за некого е многу.

Тоа што ти го живееш, некој го сонува.

Биди свесна за тоа.

Биди самосвесна...

За да бидеш среќна

И цени го...

Мигот.

Човекот.

Животот.

Детето.

Тој твој родител кој за тебе душата би ја дал.

И во ред е...

Сонувај големо.

Но, живеј за мигот.

Уживај го.

Биди среќна.

Затоа што ти си една среќна жена.

Ти си на местото на кое треба да бидеш.

И само кога ќе го сфатиш тоа

Ќе имаш неверојатна способност сама да ја креираш својата судбина.

А таа?

Нема да биде ништо помалку од приказна за еден среќен живот и уште еднаш ќе ти повторам – од приказна за една среќна жена.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg