Ако денес беше денот кога ме остави, дали ќе заминеше повторно?

Ме погледна со насмевка која ме натера да ги задржам солзите, кога тој е среќен си реков, зошто да не бидам јас.

ako-denes-bese-denot-koga-me-ostavi-dali-ke-zaminese-povtorno-1.jpg

Се сретнавме, чекорите се движеа еден наспроти друг, но се одминаа, воздухот стана тежок.

Уште потежок од воздишките, зборовите во толпата, во која ги препознавме нашите минати воздишки, неискажани зборови, закопани во минатото.

Искажани зборови закопани во сеќавањата, лицата стоејќи едно наспроти друго, некогаш прилепени едно во друго, погледите вкрстени еден во друг, конечно се раксрстија.

Исто како и нашите патишта, кои никогаш повеќе нема да се вкрстат.

Како шините на возот кои се толку блиску да ги поврзат тркалата, но сепак оддалечени за да го одржат неговото движење.

Таа средба ме натера да се запрашам...

Ако денес беше денот кога ме остави, ако денес беше денот кога би ме сретнал случајно на улица, дали би ме одминал или би ме бакнал во образ за поздрав?

Ако денес беше денот кога ме остави, дали би ме оставил да продолжам да чекорам без да ме застанеш?

Ако денес беше денот кога ме остави, дали ќе заминеше како што замина одминувајќи ме како да не ме познаваш?

Ако денес беше денот кога сè беше исто како порано, дали повторно би ги размрдал стрелките на часовникот кој сега стои во место?

Дали повторно би направил сè да биде различно, безлично, еднолично, никогаш слично на она што го имавме?

Ако денес беше денот кога ме остави дали ќе ме оставеше повторно или би ме држел во прегратки знаејќи дека можеби никогаш нема да ме држиш повеќе?

Не е едно, повеќе прашања биле кои ќе останат реторички засекогаш, бидејќи ако денес беше денот кога ме остави, јас би те оставила прва знаејќи дека одговорот на сите прашања е потврден.

Kога сакаш не оставаш, никогаш не заминуваш, камоли пак да се вратиш ако имаш доволно храброст, помалку од љубов, повеќе од себичност.

Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg