Не ми кажувај како ти е тешко без мене...

Кога оставаш некого свесен си дека ќе ти биде тешко, освен ако не си го зел здраво за готово.

ne-mi-kazuvaj-kako-ti-e-tesko-bez-mene-1

Зарем не ти се стегна срцето во градите кога за последен пат ми ја стегна раката?

Зарем не ти се стегнаа зениците кога за последен пат ме погледна знаејќи дека е последен?

Зарем не те болеше пред да ме повредиш знаејќи дека ќе ме убиеш?

Сето ова јас не го знаев, а ти го планираше.... Каков идиот, а сега му било тешко!

Се имаш ли запрашано колку пати мене ми било тешко, бев како мало учениче со љубовта во раце, секое гледање со тебе го гледав како задолжителен час кој ќе ме научи на нешто ново.

Велеше јас сум била адреналинка, сум молчела, сум изгледала паметно така, мислиш дека нема да најдеш подобра од мене, се плашиш од иднината во која ме нема?

Немој!

Сè што си сакал кај мене, не доаѓало до израз од твојата култура, не дека не ти се восхитував на неа, но ме кочеше.

Бев адреналинка, но никогаш самата не покренав иницијатива за правење на нешто адреналинско плашејќи се да не те разочарам со каква било постапка.

Молчев бидејќи не знаев ништо, се плашев да ти признаам дека знаеш повеќе од мене, слушав за да научам, бев како сунѓер што впиваше сè што твојата уста ќе исплукаше на површина.

Сум изгледала паметно... тука си во право, само изгледав паметно, штом си поигрувал со мене значи сум била глупава, малку повеќе глупава.

Немој да мислиш дека нема да најдеш подобра од мене, ќе најдеш бидејќи штом си ме оставил си се надевал на подобра прилика, а она на кое се надеваш, тоа го добиваш.

Не се плаши од иднината во која ме нема, прифати ја бидејќи веќе станува твоја, моја реалност.

Не се плаши од твојот избор, бидејќи иднина без мене беше твој избор, јас само спроведов акција да се оствари, покренав постапка за разрешување на случајот кој беше без солуција.

А сега, опушти си ја душичката, остави ме да живеам, знаеш дека сè допира до моите уши, не зборувај повеќе, сигналите само ме прават да те сожалувам.

И не ми кажувај како ти е тешко без мене, бидејќи дури и кога беше со мене, никогаш не се потруди да ни олесниш на двајцата...

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg