Си била една жена и отишла во продавница за мажи...

 si-bila-edna-zhena-i-otishla-vo-prodavnica-za-mazhi-01.jpg

Дали некој слушнал за новата продавница за мажи?

Се вика баш така: „Продавница за мажи“.

Продавницата има 6 ката. Секој кат можете да го посетите само еднаш, а колку повеќе се качувате нагоре, толку повеќе вредноста расте.

Можете да изберете когo било или да продолжите на наредниот кат, но не можете да се вратите назад.

Една жена отишла во продавницата за мажи...

На првиот кат пишувало: „Овие мажи имаат работа“.

На вториот кат пишувало: „Овие мажи имаат работа и сакаат деца“.

На третиот кат пишувало: „Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни“.

„Ох, навистина добро звучи! Но, мора да видам што има на наредниот кат“, си помислила жената.

И продолжила до четвртиот кат, каде пишувало: „Овие мажи имаат работа, сакаат деца, се неверојатно згодни и помагаат во домашните обврски“.

„Ох Боже, не можам да поверувам!“, си помислила восхитено жената.

„Но, сепак мора да одам понатаму...“

Отишла на петтиот кат, каде пишувало: „Овие мажи имаат работа, сакаат деца, се неверојатно згодни, помагаат во домашните обврски и се многу романтични“.

Но, таа не можела да издржи и одлучила да се качи на шестиот кат.

На шестиот кат пишувало: „Вие сте 31.456.000 посетител тука... На овој кат нема мажи. Овој кат е само доказ дека жените е невозможно да ги задоволиш“.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg