Зошто е корисно да бидеме благодарни?

Стануваме рано наутро го пиеме првото кафе, напорно работиме, пауза за ручек, уште малку работа и потоа дома. Деновите се чиста рутина. На страна од тоа постојат и оние денови кои ни се ужасно тешки, кои не поместуваат од корен, кои можат да не изменат за цели 360 степени. Зошто би требало да бидеме благодарни за тие работи во животот?

zoshto-treba-da-bideme-blagodarni-01.jpg

Нема потреба да се навлегува во таа тематика на тешкоста на животот и непријатните моменти. Самата по себе е долга и од раскажана, прераскажана.

Она што е важно токму тука е да запомниме дека среќата доаѓа од внатре.

Без разлика на тоа дали сме во оние денови на рутина или оние потешките денови, треба да запомниме дека доколку сакаме да бидеме среќни и исполнети во животот потребна ни е една важна работа. Благодарност.

Треба секојдневно себе си да се потсетуваме на работите за кои треба да се среќни и весели.

Можеме да преминеме и на онаа „понаучната“ и поофицијална дефиниција.Тоа воопшто не е проблем.

Честопати низ стручната литература се сретнува ова објаснување: „Чувството на благодарност е корисна навика која ни помага да направиме кратка ретроспектива на дневната состојба и емоциите кои сме ги доживувале во најдобрите моменти“.

Би можеле да кажеме дека на еден начин благодарноста е ментална хигиена онака како што физичка хигиена е секојдневното туширање.

Благодарноста е всушност туширање од внатре.

Тука доаѓа важното прашање. За што да бидеме благодарни во животот? Постојат неколку причини поради кои треба да бидеме благодарни.

zoshto-treba-da-bideme-blagodarni-1.jpg

Во основа не смееме да заборавиме дека живееме. Без разлика на тоа колку и да ни се чини животот тежок, можеби минуваме низ немаштија или невработеност или тешка болест, но се уште постоиме.

На крајот од денот дишеме и би сакале да продолжиме со оваа активност нели?

Благодарноста не застанува само тука. Продолжува со нашите постапки. Што е она што во текот на денот сме го направиле? Или можеби не сме го направиле, а очајно сме измислувале еден куп сцени за тоа што правиме во тој момент?

На крајот од денот кога ќе седнеме да направиме едно мало себерефлектирање, да се погледнеме во огледалото и да си кажеме себе си „Денес добро изреагира, горд/а сум на тебе“ или можеби она спротивното „будало една, зошто не го направи првиот чекор“.

Колку и да се каеме или гордееме на нештата не треба да заборавиме да бидеме благодарни на тоа што секоја активност во животот ни е искуство.

Печат повеќе во пасошот за дестинациите кои сме ги минале во животот. Така никогаш нема да заборавиме дека сме живееле исполнет живот без разлика на тоа како ни изгледал во тој краток миг кога за нешто сме се двоумеле или возбудувале.

zoshto-treba-da-bideme-blagodarni-2.jpg

Кога веќе зборуваме за искуствата или дестинациите животни, тука влегуваат и оние најмали детали од денот нели? Можеби сме запознале нова личност или едноставно додека седиме во автобусот и мирно набљудуваме што се случува надвор ја следиме енергијата на животот онаа чудна и неверојатна нишка која ја придвижува инаку неподвижната органска материја.

И кога веќе дојдовме до хемијата, да не заборавиме дека сме среќни што некако магично од само неколку хемиски елементи постоиме и сме создадени како живо суштество и тоа не било кое живо суштество. Врвот на ланецот. Врвот на еволуцијата.

Токму затоа треба секој ден да бидеме благодарни. Благодарни пред се што постоиме и живееме на оваа мала сина топка наречена Земја.

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg