Големата уметност во малите нешта

Парче хартија. Сите можни нијанси на акварелни бои. Од Карбон, светски, а наши. Од бивша Југославија. И имаш две четки: Едната порано служела како апликатор за сенка за очи, а другата подебелата стариот твој не ја искористил кога варосувавте за празникот. Сега почуваш да црташ. Го будиш уметникот во тебе. Чкрташ, боиш, се мачиш, ти се истура чашката со вода и боите на хартијата ја губат смислата покрај оние на персискиот килим. Се откажуваш од можноста да бидеш сликар!

golemata-umetnost-vo-malite-nesta-01.jpg

Фејсбук е добра работа, посебно белешкиве! Си викаш не за џабе викаше дедото мој дека животот пишува сурови романи и драми. Нема ништо полесно од тоа да бидеш писател. Ајде сега. Не сега, не денес, туку од утре станувам писател.

Во наше време имаше едни тефтери што ги даваа за нова година со убави, кожни црни корици, ама сега имаш лаптоп нели?

И почнуваш: денес цела една страна, утре половина, задутре пак полвина. Согледуваш дека за два месеци си успеал да напишеш три мизерни странички. Се откажуваш од помислата да бидеш писател? Не е лесно да си писател. На проза, барем! Ти требаат огромни количини на информации, премноооогу слушање, набљудување, разговарање и сето тоа само за да напишеш десетина странички!!!

А, да си поет е уште потешко. Да кажеш нешто што сакаш, ама да те разберат само овие дипломираниве на книжевност, оти нив тоа им е работа. Што сакал авторот да каже! Да!

Имам уште предлози! Можеш да станеш музичар. Имаш еден куп туторијали на нет. Ама бидејќи далеку си од брзината што ја нудат американските оператори се откажуваш од идејата да спушташ туторијали. Па сеа пријателчиња факт е дека секој не може да биде уметник бидејќи требаат и доктори, новинари, правници, електричари, полицајци, ѓубреџии, професори, пожарникари, стоматолози, фризери...

Е, сега да се вратам на насловот. Во овој хаос, светот кој го уништуваме, озонската дупка која ни стои над главите, убиствата, војните, земјотресите, цунамите, торнадата, тероризмот, климатските промени, сиромаштијата, некаде рецесија, некаде инфлација...  Убаво е кога успеваш да најдеш уметност во малите нешта.

Во насмевката на оној спроти тебе, во мелодијата која ја слушаш по стоти пат, но не ти е здодевна, во омилениот цитат кој три пати неделата го постираш како статус на мрежава, во сончевите зраци, во дождот, во облаците, во виножитото. Да, понекогаш големата уметност е тоа. Да уживаш во животот! Да го живееш секој мал момент.

Секој мал момент е камче од мозаикот наречен живот. И ако не можеш поради икс фактори, важни или неважни да си дозволиш да бидеш сликар, вајар, глумец, пејач, музичар, писател.

Тогаш дозволи си да бидеш МОЗАИЧАР на ТВОЈОТ (живот) ПРЕКРАСЕН МОЗАИК. И внимавај да не згрешиш! Имаш само една шанса! Исто како секој актер на премиера, како секој музичар или поет со новата песна!

Автор: М.К. | Црнобело

golemata-umetnost-vo-malite-nesta-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg