Тој се врати по 10 години

Понекогаш кога имаме потреба од она што го немаме, го уништуваме она што го имаме. Така таа жедна за љубов, го уништи нивното пријателство. Заедно имаа се што можеа да посакаат: младост, насмевки... Но, таа, амбициозна како секогаш го уништи се она што го градеа повеќе од десет години. Бараше љубов, но никогаш не ја доби. Веројатно игра на судбината.

toj-se-vrati-po-10-godini-01.jpg

Изминаа години, тој се врати во нејзиното место, меѓутоа не се препознаа веднаш. Таа го набљудуваше со денови, а и тој исто така. Едно утро, случајно или не, им се вкрстија патиштата.

Се судрија во мигот кога таа лудо трчаше за да го стигне автобусот, а тој ја проучуваше околината која беше тема на неговиот научен труд. Кога погледите се сретнаа, сфатија дека се познаваат. Таа заплака и го прегрна, а ни тој не остана рамнодушен.

Сега пак беа на почеток како пред десетина години. Таа, девојка со неполни 26 години, а тој навлегуваше во 28-та. Сонцето полека се скриваше зад облаците, почна да роси и надоаѓаше бура. Таа му понуди да испијат по едно кафе во нејзиниот дом, барем додека на преврне. Тој инстинктивно прифати.

Кога влезе во нејзиниот дом, сфати дека таа не се изменила многу. На ѕидот над нејзината работна маса се уште стоеја мисли на Горки, Толстој, Аристотел, а на самата маса сликата на нејзините одамна исчезнати родители. Полека од малата кујна се ширеше мирисот на свареното кафе.

Таа седна на каучот, а тој наспроти неа. Се гледаа и молчеа. Тој не се осмелуваше да праша ништо, а таа исто. Наеднаш еден премногу силен гром ја изгасна светилката и собата изгледаше мрачна како да натежнува од некој немир.

Таа го погледна и проговори: ,,Да го оставиме времето да не води." Тој не рече ништо, меѓутоа кимна со главата како знак дека се сложува. Дождот се уште паѓаше, но тој излезе низ вратата и замина. Таа остана да седи на каучот и замина во светот на нејзината фантазија. Сонуваше со отворени очи. Но, сонот ја надвладеа и заспа, дури и заборави да ја заклучи вратата на нејзината соба која што беше нејзиниот скромен дом откако нејзините родители не беа со неа.

Пред нејзините очи уште еднаш го виде нејзиниот живот. И кога мислеше дека запаѓа во некое лудило, транс... Таа се разбуди од сонот... И почна да пишува:

,,...Во некој чуден миг кога пред моите очи како низ пајакова мрежа ќе се преплетат спомените, деновите и желбите, сфаќам дека ми требаш. Не знам зошто, но откако сум свесна за твоето постоење сега одново ти ми требаш, затоа што те сакам. Имам желба да спакувам еден куфер со се она што го имам и да заминам во твоето срце, но разумот не ми дозволува."

Таа го напиша ова во својот дневник по сите вчерашни случки за кои се уште не беше свесна дали се реалност или ги сонува. Откако целиот ден го промина мрзливо, само влечкајќи се низ куќата таа го дочека мракот. Таа знаеше дека тоа што и се случи вчера не беше сон, туку вистина.

Знаеше дека Тој е во нејзиното место, но не се осмелуваше да го побара. Нешто во неа и кажа дека бесцелно е да ги држи очите отворени, кога тие сакаат да сонуваат. Легна во нејзиниот кревет меѓутоа месечината која оваа вечер беше полна, не ја оставаше да заспие, колку таа и да го посакуваше тоа. Во неа некој непредвиден немир ја натера да плаче, а да не знае за што. Сакаше да заборави на се. Му се болеше на Бога да и даде сила за да чекори понатаму по патот судбински, кој никој не го знае. Смачкана од болка и речиси задушена во некое чудно чувство, заспа.

Деновите минуваа, а таа се врати на своите секојдневни обврски и се трудеше да не мисли на него. Но, чекаше одговори, го чекаше него. А од него ни трага, ни глас. Таа свесно знаеше дека го сака и дека Тој е тука, во нејзиниот град, но не се осмелуваше да го побара. Имагинацијата и беше свенала, па така да немаше ни една, единствена идеја како и каде да го побара.

Единственото созанание во тој момент беше тоа дека животот мора да продолжи...

Автор: М.К.| Црнобело

toj-se-vrati-po-10-godini

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg