16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, наместо да го посетам твојот гроб“

„И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево. Ми студи. Дува некој чуден ветер и искрено немам некое убаво чувство. И месецот е таков. Намуртен, сив, безличен и многу тажен. Жалам што одам во Крушево за да го посетам неговиот гроб.“ 

legendite-kako-tose-ziveat-vecno-se-uste-zivees-iako-vizicki-ne-si-so-nas-01.jpg

Денес, 16 октомври, се навршуват 16 години од смртта на Тоше Проески. Загина во автомобилска несреќа во близина на Нова Градишка и засекогаш остави празнина во нашите срца. Непребол по нашиоот ангел.

Деновиве патот ме однесе во Крушево. Место со посебно значење за цела Македонија. Не толку поради автентичната архитектура, туку дека тоа е градот на Тоше Проески.

Некако ми стана навика секој октомври да одам во тој град.

Ќе се изнадишам чист воздух, ќе каснам крушевски локум и ќе посетам една личност која го обележа моето детство.

16-godini-neprebol-od-smrtta-na-toshe-proeski-denes-povekje-bi-sakal-da-ti-dojdam-na-koncert-namesto-da-go-posetam-tvojot-grob-02.jpg

Бев многу мал, па само како низ магла се сеќавам на неговите безвременски концерти и на деновите кога беше „најпознатата фаца“. 

Се сеќавам на неговите интервјуа, кога сите молчевме и чекавме внимателно да го слушнеме точниот датум на кој ќе издаде нова песна, спот, албум.

16-godini-neprebol-od-smrtta-na-toshe-proeski-denes-povekje-bi-sakal-da-ti-dojdam-na-koncert-namesto-da-go-posetam-tvojot-grob-03.jpg

Се сеќавам на деновите кога ќе го пуштавме радиото, а таму се вртеа неговите песни, и ние ќе игравме среде дневна соба. Така пораснавме.

Особено ја паметам „Мајка на Марика думаше”, старата народна песна која тој ја имаше преработено за својот албум „Божилак“. Ми беше толку забавна, што само неа ја слушав и играв секојпат кога ќе ја чуев.

Никогаш во животот сум немал прилика да одам на негов концерт, можеби најмногу поради тоа што сум бил многу мал, но, сепак, бев негов најголем обожавател.

16-godini-neprebol-od-smrtta-na-toshe-proeski-denes-povekje-bi-sakal-da-ti-dojdam-na-koncert-namesto-da-go-posetam-tvojot-grob-05.JPG

Еве нè, поминаа многу години оттогаш. Многу работи се променија. Сè поретки станаа песните како неговите, на кои можеш вистински да се наежиш.

Јас пораснав. Него го нема. Останаа рефрените и неговите дела по кои никогаш нема да го заборавиме.

Жалам што денес одам во Крушево за да го посетам неговиот гроб. Повеќе би сакал да бев на некој негов концерт отколку тука.

Некако ме лазат морници кога шетам низ Крушево. Ладно ми е. Дува некој чуден ветер и искрено немам некое убаво чувство.

16-godini-neprebol-od-smrtta-na-toshe-proeski-denes-povekje-bi-sakal-da-ti-dojdam-na-koncert-namesto-da-go-posetam-tvojot-grob-07.JPG

И месецот е таков. Намуртен, сив, безличен и многу тажен.

Нè остави засекогаш да живееме во нашата соба за тага. Да го поминуваме времето во игри без граници, не знаејќи како да ги совладаме овие громови на душа кои нè сечат како нож на секоја помисла на тебе.

Но пееме. Mногу сме гласни кога станува збор за некоја твоја песна.

Славиме и тагуваме со твоите песни, се заљубуваме и со нив ги преболуваме раскинувањата. Го играме првиот свадбен танц и ги смируваме деца што плачат со твоите песни.

Не даваме да заминеш и целосно да нè напуштиш.

legendite-kako-tose-ziveat-vecno-se-uste-zivees-iako-vizicki-ne-si-so-nas-04.jpg

Секој 16 октомври е многу тежок за сите нас. Стравуваме дека повторно ќе ја чуеме онаа штама која владееше на вестите тој ден. Дека повторно ќе нè разбудат пишувањата на новинарите дека нè напушти.

Легендите живеат вечно, со тоа се тешиме. Себично го чуваме секое твое направено дело и секаде кажуваме дека си нашето најголемо достигнување - гордост која заминала во рајот за да му пее на Бога. Друго оправдување не наоѓаме.

Го знаеме секој твој рефрен, кога ќе посакаме одмор - твоите песни ги пуштаме за да го почувствуваме мирот.

„Пееш“ и денес во секој ноќен клуб, ниедна забава не може да помине без барем една твоја песна. Те слушаат и во училиштата. Идол си на многу млади надежни пејачи.

16-godini-neprebol-od-smrtta-na-toshe-proeski-denes-povekje-bi-sakal-da-ti-dojdam-na-koncert-namesto-da-go-posetam-tvojot-grob-04.jpg

Сè уште живееш иако физички не си со нас. Зад себе остави големо богатство, направи музика која некој не може да ја испее ни за 50 години кариера.

Твојот талент беше нешто несекојдневен, каков што досега не сме виделе.

Не само денес и не само на овој ден, туку секогаш те спомнуваме и не те забораваме.

Нека ти е вечна слава наш единствен Тоше!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / Фото: Горан Десковски

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg