Писмо до синот: Единствена причина поради која треба да стапиш во брак

Ова е писмо на еден татко кој на својот син на генијален начин му ја објаснува вистинската и единствената причина зошто треба да стапите во брак, а и која е тајната на среќните и успешни бракови.

pismo-do-sinot-edinstvena-pricina-poradi-koja-treba-da-stapish-vo-brak-01.jpg

„Драг сине,

Ми се чини како вчера да ти ги менував пелените, а веќе разговараме за секс.

Но, пред да започнеме да разговараме на тема секс, би сакал да ти објаснам неколку работи за бракот. Исто така, сакам да ти откријам една добра причина поради која би требало да се венчаш.

Веројатно некој ден ќе посакаш да стапиш во брак, а лесно може да ти се случи тоа да го направиш од погрешни причини. Една од нив е и идејата дека бракот ќе те направи среќен. Никогаш не го прави тоа, бидејќи на сигурен пат си кон развод.

Постојат прекрасни бракови, а истите опстануваат само поради една причина, а тоа е и причината поради која треба да решиш да се венчаш: секојдневно и меѓусебно жртвување на егото.

Јас егото го доживувам како делот кој го штити моето срце. Сите ние сме родени со добро срце, но тоа понекогаш е во опасност кога некој, на пример, не навредува и критикува и тогаш чувствуваме потреба да се заштитиме.

Како старееме, нашиот ум создава штит околу нашето срце за да не поштеди од негативните влијанија. Тоа е сосема нормално и ни се случува на сите.

Кога сме млади, тој мост служи да се одбраниме од непосакуваните гости во нашите срца, а со текот на времето, сфаќаме дека нападот е најдобра одбрана. Почнуваме да ги напаѓаме другите и да бидеме груби, а всушност се браниме од тоа некој нас да не повреди. Понекогаш тоа е клучна работа благодарение на која преживуваме во светот, но во поголемиот број случаи не е.

Така се бранат сите – мажите и жените. Оружјата малку се разликуваат, но поентата е еднаква за сите – се плашиме дека некој нема да не засака и на тој начин се браниме од страдањето. Така се јавуваат потенцијални проблеми во бракот.

Ако мислиш дека твоето его е важно за опстанок на бракот, се лажеш. Вистинскиот маж знае кога да ја намали брзината и да го остави своето его на страна. Истата работа важи и за жените.

Значи, која е тајната на среќен брак? Стапи во брак со некој кој влегува во брак од истите причини, венчај се за таа која е подготвена да започне една луда авантура со тебе, покрај позитивните и негативните работи кои треба заедно да ги совладате.

Само со тебе.

Јас кажав што имам да кажам,

Тато.“

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg