Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реалноста!

Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидеме горди на нејзината сила бидејќи таа стои на нозе. Таа е посилна од пет армии на војска, силна е исто и колку мажот на кој болеста му ја изгризала снагата и јаките раце.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-01.jpg

И еве ги. После сѐ. Мајки, деца, татковци, мажи и жени. Имаат убава кожа, но и неколку лузни.

Кога подобро ќе погледнам нешто ми недостасува. Не гледам крв, а мириса на нив, ми мириса на борба. Борба, и тоа таква што веќе не може да влијае на нив, туку на тоа како другите ги гледаат.

Затоа и поради сите нив, тие одлучија да бидат херои на својот живот, а не жртви во вашите очи.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-04.jpg

Додека човекот чека да капне и последната капка од инфузијата, ние чекаме да го слушнеме звукот на ѕвоното коешто значи победа.

Додека само вазната со свежо цвеќе покрај болничкиот кревет е сведокот на борбата со болеста која човекот ја поминува. И додека гледаме како неговото тело се топи како восок поради нешто коешто ние не можеме да го запреме.

Би направил сѐ. Доколку можам би ја собрал сета војска на светот за да се изборам против таа сила, но знам дека е попусто, кога сè уште го барам спасот во белиот мантил.

Ја замислувам комплицираноста на лавиринтот наречен болнички хаос низ којшто мора да поминуваат пациентите со рак. Болест која стана секојдневие.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-03.jpg 

Искрено, смачено ми е да живеам во време каде постојано ќе бидам принуден да слушам како за нешто нема лек. Да го слушам она бесцелно тапкање по рамо, сожалување и кажување на она добро познатото: „Да се надеваме дека нема да се прошири и дека ќе исчезне“.

Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидеме горди на нејзината сила бидејќи таа стои на нозе. Таа е посилна од пет армии на војска, силна е исто и колку мажот на кој болеста му ја изгризала снагата и јаките раце.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-02.jpg

Зборувам за борбата на детето кое уште од најмали нозе е принудено да шета со канилата на раката поради некоја грутка која се закотвила во неговата утроба. Зборувам за борбата на секој човек кој бил фрлен во огнот на неговата судбина.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-05.jpg

Па, за навистина тешка судбина зборуваме кога му направила толку многу лузни. Сите лузни на човекот ја зборуваат приказната за тоа кој бил тој.

Толку многу приказни за тоа каде бил и како стигнал дотаму. Приказни за човекот кој го победил канцерот. За човекот кој успеал да биде херој.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-07_copy.jpg

И додека живееме во свет каде болестите сѐ повеќе го надвладуваат човекот, нам не ни останува ништо друго освен да се бориме.

Да бидеме до нашите сакани кога сме им потребни, без разлика дали се болни или не. Да не ја губиме надежта, без разлика дали болничките плочки станале нашиот кошмар.

luznite-ja-zboruvaat-prikaznata-za-chovekot-koj-go-pobedil-kancerot-06.jpg

Да не се предаваме на болеста, иако ја имаме дијагнозата од која многу доктори се фатиле за глава.

Додека клиниките се преполни со пациенти болни од канцер, нам не ни останува ништо друго освен да се заблагодариме на нивната издржливост и волја за живот.

Бидејќи ние можеме многу да научиме од нивната борба. Нивната борба е и наша борба.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg