Лош ден? Сè се случува со причина

Имате лош ден? Сосема е во ред. И вие сте во ред. Само сега сте малку поинакви отколку што бевте вчера.

los-den-se-se-slucuva-so-pricina-36.jpg

Ставете ја раката на своето срце. Го чувствувате тоа? Тоа се вели целта на животот. Вие сте денес тука со причина. Не се откажувајте и не се предавајте. Повеќе од сè, не дозволувајте еден или два темни облаци да ви го прекријат целото небо.

Сонцето секогаш ќе сјае над некои делови во вашиот живот. Понекогаш едноставно мора да заборавите како се чувствувате, да запаметите што заслужувате и да се туркате нанапред.

Имајте на ум дека сите сме правеле грешки.

Сите понекогаш сме направиле апсолутни будали од себе.

Сме им дозволиле на луѓето да не искористат и сме прифаќале помалку отколку што сме заслужиле.

А понекогаш, и ние сме им давале на другите помалку отколку што заслужувале.

Понекогаш сме дозволувале нашите приоритети и граници целосно да ни направат хаос во главата.

Но, ако размислите подобро, многу сме научиле од тие наши лоши избори.

Иако постојат некои ситуации кои никогаш нема да можеме да ги поправиме, сега ќе знаете подобро за следен пат.

Тешките ситуации ги градат силните, успешни луѓе.

Без оглед на тоа колку боли сега, важно е да ја подигнете главата, да ги стиснете забите и да го направите следниот чекор.

Не губете време жалејќи се.

На крајот, упорноста и одлучноста зборуваат доволно гласно.

Напорно работете во тишина.

Сконцентрирајте се на своите борби.

Сега, имате шанса и сила подобро да ја креирате својата иднина.

Сè се случува со причина.

Вие денес го читате ова - со добра причина.

Би можело да ве интересира:

Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg