Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“

„Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, чисто да го прашам човекот ‘Момче, ти чиј си?’“, напиша водителката Снеже Велков во нашиот лексикон.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-01.jpg

Снеже Велков била дете кога првпат посакала да биде ТВ-водителка.

Како мала често креирала за своите Барбики, во собата лепела постери од Тони Кукоч и Мајкл Џордан, а еднаш и се степала, но вели, потоа никој веќе не ја задевал.

Снеже се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Снежана Велков - Mе викаат Снеже, а во Каменица сè уште ме викаат Жана. Како мала ме викаа Жане, Жанче, а тато и ден денес ме вика Жукче.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 42 години. Родена сум на 05.03.1982 години. Риба во знак, Рак во подзнак.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Омилена песна: „Назад Калино моме“ и „А од љубов не се бега“ од Зафир Хаџиманов. Омилен пејач - Андреа Бочели.

4. Омилена книга?

„Малиот принц“ - мала книга која ја содржи суштината на целиот живот.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-04.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Омилен глумец: Енди Гарсија. Филм: Coach Carter. Серија: Friends.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Многу сакам уметничко лизгање во двојки и ски скокови. Како мала сакав фудбал и кошарка. Па имав постер на цел ѕид од Мајкл Џордан и Тони Кукоч. Исто и од фудбалерот Роберто Баџо. Сега немам некој oмилен.

Навивав за Milan, за Crvena Zvezda и за МЗТ Скопје.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Не сум имала свое милениче од мала кога сите ги поминавме фазите на златна рипка, маче и папагал. Сега се грижам за едно зајче кое е милениче на моите синови, се вика Сквикс и го имаме веќе 6 години.

8. Кој ти е среќен број?

Порано мислев дека тоа е бројот 4. Сега немам среќен број. Сите си имаат своја убавина, дури и бројот 13.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-07.jpg

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

ТВ-водител.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Цеден портокал ми е омилен пијалак. А храна, ако се важат цреши, пиши ги нив.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Ги имам неколку - преку 20 години другарување и почитување.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Омилен предмет ми беше македонски јазик. Бев одличен ученик со сите петки.

snezhe-velkov-za-crnobelo-leksikon-na-majka-mi-i-isekov-fustan-so-nozhici-ushte-mi-go-pamti-toa-01_1.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg