Кога сите бродови ќе потонат

Честопати луѓето знаат да речат животот не е фер. Си велам, кој рече дека ќе биде фер? Уште од првото доаѓање кислородот насилно ти навлегува во градите, предизвикувајќи болка од која вриснуваш, но сепак сето тоа се случува за да може да живееш.

koga-site-brodovi-ke-potonat-01.jpg

Ако научив нешто научив дека нема фер и нефер. Едноставно некои работи се преодредени да им се случат на некои луѓе, додека пак други работи се наменети за сосема трети луѓе. Како и да е, научив да се борам со секој предизвик.

Денес повторно успеав да станам и да си наполнам чаша вода сосема сам.

Звучи смешно, нели?

Смешно за оној кој е во можност тоа да го прави секој ден, без никакво попречување, за оној кој е здрав и мечтае за други работи, додека за оној кој тоа е огромен напор, борба да успее, претставува невидена радост. Имам паркинсонова, за сите кои не слушнале тоа е болест која влијае на моторните системи и го попречува нормалното движење.

Сигурно си помислувате колку жално. Да, и јас си помислив така неколку пати кога дознав. И упатував пцовки на сосема погрешни места, удирав по ѕидови, се борев, викав, како да ми беше некој крив, како целиот свет да ми згрешил. Сето тоа, додека не сфатив дека сожалувањето и жалењето околу мојата состојба нема да ми помогнат.

Токму тогаш сфатив дека на пример како што на некој му паѓа лото, мене ми се падна ова, можеби звучи морбидно, но не избрав јас, животот така сакаше. Научив да не се противам.

Тоа сакав да ви раскажам. Научив да се борам без разлика колку тоа ќе ме чини. Сè уште работам и ќе работам до последниот ден, макар и се влечкал на патот до работа.

Несоницата како една од пропратните награди на ова проклетие ја претворам во дела какви што светот не видел. Но, најважно од сè, не потпаднав под никаква депресија.

Како јас се чувствувам и како ми е мене, тоа си знам јас кога ќе заспијам. Сите тие болки, сите тие напрегања, сите грчеви и солзи, но јас не се предавам.

Кога ќе ме погледнат и ќе ми речат тебе како сите бродови да ти потонале, јас се вртам и им велам можеби, но близу пристаништето има ново градилиште, ќе направам нови. Поучен од грешките тие ќе бидат подобри и ќе пловат подолго, подалеку и ќе постигнат многу повеќе.

И тешко е знам, но ова е повик до сите вас, без разлика која е причината за вашата несреќа, без разлика што е она што ве прави тажни. Бидете силни и сфатете дека нема потонати бродови, има само психолошка состојба околу тоа дека вашите бродови потонале.

Зграбете ја целата сила која ја имате во вашите раце, гребете по кожата на животот, борете се со крв и месо и никогаш не се предавајте, ниту една пречка, ниту една лоша мисла не треба да ве спречи од она што сте го намислиле.

Утре ќе јавам коњ, иако не смеам. И ве предизвикувам и вас, да ги направите сите работи и да преминете преку сè она што ве попрепречува. Да бидете инспирација за сите оние на кои тоа им е потребно, а има многу такви. Вашето дело може да биде индикатор на многу други такви дела.

Затоа не зборувајте околу тонење, вода или поплави. Градете и пловете, сè додека го вдишувате воздухот и сè додека имате две раце и две нозе кои се способни да го слушаат вашиот мозок, градете империја. Вашата империја на која ќе бидете горди еден ден!

“Инспирирано од разговорите со луѓето кои во себе носат невидена желба за живот и покрај сè тие се огромна инспирација која на некој начин ти го прави животот подобар”

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg