Како да си го разубавите вашето утро?

Велат „по утрото денот се познава” и навистина е така, едно пријатно утро ни претставува одредена гаранција за одличен ден.

kako-da-go-razubavite-vaseto-utro-01.jpg

Како да го разубавите вашето утро, а со тоа и вашето секојдневие?

Обидете се да се разбудите од 45 минути до 1 час порано од времето кога ви започнуваат обврските

Будењето 15 минути пред да излезете од дома ја зголемува веројатноста да брзате, а со тоа поради обврски, паниката да ви чукне пред врата. 

Можете да станете нервозни поради најмала ситница. Едно испаничено утро може да донесе непријатни емоции кои можат да се провлекуваат во текот на целиот ден. Поради тоа, зграпчете го денот порано.


Вежбајте

Не мисламе на целосна гимнастика, но мало раздвижување на телото е сосема добредојдено. Секој спие во различна позиција, на различен кревет и неретко знаеме да се разбудиме вкочанети, а и природно е после долга состојба на лежење телото да бара мало раздвижување.

Вежбите за истегнување на рацете и нозете можат да бидат мал обид да го вратите телото во форма.


Утринско кафе

Нема подобар утрински ритуал од пиењето на црно кафе. Кафето ги буди вашите сетила и делува на вашата будност, ако не физиолошки, психолошки сигурно.

За оние кои не пијат кафе, шолја чај или чаша сок од омиленото овошје, може да ви го разубави утрото преку пријатен вкус и мирис на она што го консумирате.

kako-da-si-go-razubavite-vasheto-utro-1.jpg

Појадок

„Појадокот јади го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дајте им ја на непријателите”. Зарем треба уште нешто да се кажува за значењето на појадокот кој е основен оброк во денот? 


Музика

Некои истражувања укажуваат на позитивната промена кај личноста при слушање на омилената музика.

Започнете го утрото со омилената песна и при секое потпевнување на рефренот, сетете се дека животот е убав.


Набљудувајте го денот

Ова е можеби една од првите нешта кои ги правиме веднаш откако ќе отвориме очи. Почувствувајте сè, почувствувајте го своето тело, своите потреби, погледнете низ прозорецот, насмевнете се со благодарност за новиот ден.

kako-da-si-go-razubavite-vasheto-utro-2.jpg

Разменете некоја мисла со блиските

Блиските луѓе, семејството и пријателите се оние кои можат најмногу да не развеселат, но и да не растажат.

Убаво е кога утринското кафе би го пиеле со свој близок или доколку ја немате таа можност, слушнете се по телефон или испратете некому порака за убав ден.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бока Конга за CRNOBELO лексикон: „Бев во шок по првиот бакнеж“ „Бев немирен ученик, сум скршил прозор со столче“ - напиша Бока Конга во нашиот ...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Зошто сите во Скопје се разведуваат? Дали и вие имате чувство дека во Скопје владее епидемија на разводи? Не знам за ...
Ретро носталгија: Се сеќавате ли кога во дневни весници читавме најава што ќе има на ТВ програмата? Ах, порано кога времињата беа поедноставни, сè беше некако помагично, зарем не? ...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg