Подарок кој ќе го паметам цел живот

Да… сум добивала многу мечиња, но тоа мече не беше како останатите.

podarok-koj-ke-go-pametam-cel-zivot-01.jpg

Беше приквечерина, а тој ме чекаше со автомобилот. Ќе излегувавме во град. Се знаевме речиси 3 месеци. Што би се рекло, во цутот на љубовта, на прагот на запознавање…преиспитување.

Иако се знаевме кратко, имав чувство како отсекогаш да го знам. Дотогаш ништо ми немаше подарено. Ми рече “Имам нешто за тебе” , и ми го подаде мечето.

Јас останав зачудена. Мечето беше старо, едно око му беше паднато. Имаше марама околу вратот. Му реков “Oва е за мене?“. Тој ми рече: “Да”.

Го зедов во раце и го разгледував.

podarok-koj-ke-go-pametam-cel-zivot-1.jpg

Потоа ми даде и слика каде тој е многу мал и го држи мечето во раце. Сè ми стана јасно. Тој се одлучил да ми го даде мечето од своето детство, со кое ги делел ноќите.

Ме облеа топлина и невидено чувство на среќа и привилегија.

Потоа се созедов и му реков дека не сакам да го земам, тоа е премногу значајно за него. А тој ми рече, дека токму затоа сака да ми го подари. Останавме цела вечер разговарајќи еден со друг за своите детства, за своите лудории.

Беше прекрасна вечер. А, јас кога и да го видам тоа мече, кое патем седи во мојата соба, ми доаѓа пријатно чувство.

Тоа беше најуникатниот подарок што сум го добила. Со тоа мече, тој ми даде дел од својата личност, дел од своето детство, од своето дете, ми даде толкава доверба дека јас можам да го чувам тоа мече старо речиси 25 години.

Како и да е, подарокот од љубов е многу поскап од подарокот кој е платен милион денари!

 Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Бев на ургентно во Скопје 3 пати во една седмица и сфатив колку сме неблагодарни за сè По игра на случајноста наречена живот, се најдов во една седмица 3 пати на урген...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg