И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува

Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на гробишта, а денес создаваат историја и ја бараат вистинската љубов...

i-koga-imate-nad-50-godini-ne-zapirajte-zhivotot-doprva-pochnuva-01.jpg

Жените кои денес имаат над 50 години се транзициска генерација, генерација меѓу старите и новите норми.

Сè уште не е јасно што треба да се прави со нас, но процесот е започнат.

Почна да се формира „пазар на понуда“, рекламирањето станува позначајно, парите ја губат својата вредност, а тренинзите за личен раст не нè учат како да ги „заведуваме“ партнерите, туку како да ги „вклопиме“ покрај себе.

Во овој процес ме фасцинираат три работи.

Веќе не се расправаме со нашите тинејџери, бидејќи децата што до вчера беа во своите „луди години“, пораснаа, па не „војуваат“ со нас.

Нашите глави и души се преокупирани со нови работи - исто како и нашите деца, го бараме она што досега не сме го имале во животот.

Живееме во некоја паралелна реалност, а прашањето „каде ни исчезна детството“ веќе не е актуелно, бидејќи детството како да е повторно тука, го гледаме пред нас, и уживаме да го преживееме вторпат, овој пат побезгрижно.

i-koga-imate-nad-50-godini-ne-zapirajte-zhivotot-doprva-pochnuva-03.jpg

Стандардите за убавина се менуваат.

Жените кои носат XXL облека шетаат на модните писти, во тренд се широки и лесни ткаенини, штиклите се резервирани за мазохистите, а самосвесноста се цени исто како што во младоста се ценеа цврстите гради.

Среќата созрева. Денес никој не верува во насмеани 20-годишни љубовници, прва луда заработувачка, ниту, пак, во рани бракови.

„Целиот живот го имаш пред тебе“, ѝ велам на 40-годишна жена, скршена од болка по тежок развод.

И таа ми верува мене, а не на својата мајка, која ѝ кука „кому му требаш сега?“ и ја обресхрабрува.

i-koga-imate-nad-50-godini-ne-zapirajte-zhivotot-doprva-pochnuva-02.jpg

Што се однесува до вечниот живот, сè уште не е јасно дали ќе го добиеме, но кој знае, можеби истите тие тинејџери што нè излудуваа до „вчера“, еден ден ќе измешаат неколку различни капки во епрувета и ќе ни сервираат уште 20-30 години живот на чинија.

Тоа што сакам да го кажам е дека треба да одите на прошетки, а не само да седите на каучот со книга, бидејќи колку е подолг животот, толку е поголема одговорноста за неговиот квалитет. Од вас зависи.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg