Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите имаме по една таква - најдобра, најверна другарка

Се сеќавам уште како се запознавме, ми доаѓа така некоја бледа слика...

site-nie-imame-po-edna-takva-najdobra-najverna-drugarka-01.jpg

Ти беше слабичка, со кратка коса и весели очи. Јас бев она дебелкото и секогаш црвено во обравчињата. Тоа беше во нашето маало, шетајќи со мојата баба те здогледав тебе така срамежливо сè додека не нè запознаа нашите баби. После неколку минути јас и ти се најдовме заедно како правиме ручек  пред оградата на твојата куќа. Една кине лист од едното дрвце, друга кине цветчиња, а бабите се смешкаат и се чудат како ли се заигравме.

И така беше секој ден, игравме, многу игравме. Заедно и мајка и ќерка и комшики и сестри. Игравме со шминките на мајка ти и со накитот на мајка ми.

site-nie-imame-po-edna-takva-najdobra-najverna-drugarka-1.jpg

Почнавме и на училиште заедно. И двете се жалевме од тешките ранци и еден ден нè земаше од училиште мајка ти , а еден ден татко ми. И секој ден заедно. Седнавме на иста клупа. И така поминавме 8 години. Се сеќавам кога ми се смееше 3 дена, бидејќи го заборавив ранецот на училиште и ми беше срам да влезам и да го побарам во другата смена, па отиде ти место мене.

Заедно учевме математика, а и двете не ја сакавме.

Ти го знаеше мојот домашен телефон на памет, а јас твојот. Понекогаш се правевме важни пред другите и имавме свој јазик, никој да не нè разберe. И до ден денес никој не ја разбира нашата врска. Физички сме далеку една од друга, но ништо не се сменило.

Кога и да те видам, си е исто и започнува каде што завршило. Не поминува ден без да те слушнам. Јас бев сведок на твојата прва љубов, ти ми ги бришеше солзите кога плачев за првиот дечко.

Јас бев тука кога тебе ти се случија многу преплети во животот и ти си секогаш за мене, тука.

Кога и да ти зборувам, знам дека ме слушаш, знам дека ќе ми кажеш нешто многу повеќе од клишираното – ќе помине. И знам сè за тебе, ти го знам секое ќоше во домот, ги знаеш сите мои роднини и подалечни и поблиски. Јас бев пријателка со секој твој дечко и знаев да кажам овој не е за тебе, а ти да не ми се лутиш. Кога и да сум во неволја, се јавувам , баш кај тебе, а ти и да не знаеш што да ми кажеш, пак си тука за мене. Затоа што си другарка од детство, другарка што ме знае, затоа што ти сум како второто јас. И само едно се надевам, дека ќе имаме ќерки кои ќе можат да го живеат она што јас и ти го живеевме и ќе го живееме!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат) Праќавме СМС пораки за кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сл...
Мартинијан Кириловски за CRNOBELO лексикон: „Мајка ми ми е херој - жена со срце како планина“ „Би сакал да сум мачорот Том, од цртаниот филм „Том и Џери“. Едноставно ги обожа...
За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој) Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа д...
Ева Јовановска за CRNOBELO лексикон: „Непознат дечко ми испрати порака дека сака да ми слугува“ „Само еднаш сум се степала - имав околу 12 години, ги фатив за коси комшивките з...
Елена Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сите велат дека личам на Снежана“ „Пред многу години сестра ми почна да ме вика Фросе, па и ден денес дома некој з...
Ќерко, немате трпение вие младите, затоа се разведувате, јас сум во брак 45 години „Ќерко“, јас сум во брак 45 години, сопругот од кревет го станав... Имаше мозоче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg