За мажот кој ѝ ја стискаше раката на хемотерапија (и го посакав за свој)

Седеше тој со часови и со растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа добро?“ Начинот на кој се грижеше за неа, додека таа примаше хемотерапија, беше погласен од сите кажани „Те сакам“ на овој свет.

za-mazhot-koj-i-ja-stiskashe-rakata-na-hemoterapija-i-go-posakav-za-svoj-01.fw.png

Работам како медицинска сестра на онкологија, а таму за работите кои ги имам видено десетици романи не се доволни.

Сум видела толку тага, толку болка, но и толку љубов и искрени емоции.

Ништо не е пореално од сцените таму, таму животот го гледате во црно-бело, таму е збиралиште на страдањата, но и на новата надеж.

Таму еден ден дојде и таа.

Жена која се истакнуваше од другите пациентки по начинот на кој чекореше.

Додека се соочуваше со најтешката животна ситуација, таа не дозволи колената да ѝ се затресат, ниту рамената да ѝ се подвијат.

Ѝ се восхитував, така се прави тоа во животот.

Но, длабоко знаев и дека половина од нејзината сила доаѓа од него.

Мажот, кој не пропушти ниту една нејзина консултација на онкологија, ниту еден нејзин циклус од хемотерапија.

Додека таа со часови лежеше на креветот и течноста течеше низ нејзините вени (која сама ја нарекуваше и лек и отров), тој беше постојано тука.

Ја прашуваше како е, да не ѝ е лошо, да не ѝ треба нешто... Инаку телефонот му прегоруваше од телефонски повици, на неговиот лик имаше итност дека мора да се појави на работа, но имаше и помирување дека ништо не е поважно од овде и сега, од тоа да биде со својата сакана во нејзините најтешки мигови.

Тој кога пред Бога вети и во добро и во зло - вистински го мислеше тоа.

И додека други жени доаѓаа сами, не зборувам за оние силните на кои никој не им е потребен или оние кои сакаат да бидат тука со сестра или мајка или пријателка, туку оние самите и осамени поради неприсуството на нивниот сопруг, иако во очите им гореше потреба за тоа, оваа жена го имаше тоа без да го побара.

Ние, медицинскиот персонал на онкологија, ѝ дадовме лек, сторивме сè што е во наша моќ, но мислам дека овој маж ѝ даде посилен лек, ѝ покажа дека во животот има љубов толку силна за да ја стане на нозе кога е падната и љубов толку силна за каква вреди да се живее.

Седеше тој со часови и со загрижен поглед и растреперен глас знаеше да ме праша: „Ќе биде ли таа добро?“

Начинот на кој се грижеше за неа беше погласен од сите кажани „Те сакам“ на овој свет.

И еден ден морав да му ја стиснам раката и да му кажам: „Ќе биде добро таа момче, меѓудругото затоа што те има тебе во животот. Знае таа дека за таква љубов вреди да се живее“.

На онкологија се гледа љубовта во најсилна форма мили мои - не кога е добро, не кога е розово, не кога е послано со ливчиња од рози.

Кога боцка трњето, кога се крвави, кога се распаѓаш... Тогаш гледаш дали вистинска љубов имаш.

Јас ја видов, во очите на овој маж...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
„Ако жена денес објави ваква фотка на Инстаграм ќе добие куп критики – Софија Лорен е симбол за секс... Софија Лорен јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg