Брзате ли и вие? За каде?

Седам, сама, така мирна... и чудно ми е. Чудно е во денешно време да седиш и да не правиш ништо, да си сам со себе. Зошто е тоа така?  Затоа што секогаш брзаме, бркаме нешто...

brzate-li-i-vie-za-kade-01.jpg

Се родив  и сите очекуваа побрзо да проодам, да прозборам. Така и беше. Побрзо ме пуштија на училиште, за побрзо да сум завршела. Што да завршам? Што ќе направам?

И не ми е јасно... брзав да запишам факултет, и да не оставам ниеден испит, брзав да завршам со студиите. Брзав да најдам работа, и ја најдов. И секој ден брзав на работа, трчав, за да не задоцнам. Па што, и да задоцнам, зар земјината топка ќе се преврти?

Секој ден трчав од дома, до работа, до градинка, до училиште, тркнував до продавница и брзав да испеглам уште една кошула. Брзав на родителски состанок, брзав до катастар и до суд, до нотар. Брзав до фондот за пензиско и здравствено осигурување, брзав за да стигнам навреме на семинарот. Секое кафе го пиев набрзина, не се сеќавам да ми оладило некогаш...

Водев љубов набрзинка, со тек на време почнав и прегратките да ги давам брзо....

Секое чекање ме нервираше, почнав и брзо да возам. Се завршував брзо, часовникот ми стана главен пријател во животот, со него највеќе се дружев, го гледав повеќе од своето семејство. Понекогаш го местев некоја минутка напред, да нема никаква шанса да задоцнам некаде.

Алармот ми беше секогаш наместен во 7 часот, а во недела секако станував и без него. И пак си се брзав цел ден, брзав да отидам до кај мајка ми, брзав да направам ручек, брзав да пишувам домашно со синот, брзав да ја однесам ќерката на англиски, па да стигнеме побрзо за на одбојка.

Вечерта брзо ги поминував каналите на телевизија. И брзо заспивав навечер, само што ќе склопев очи... Но, веќе не беше така.

Брзав, брзав, брзав... Бескрајно брзав, и стигнав таму за кадешто се брзав. Стигнав до мојот кревет и со денови не успеав да станам од него... Никогаш не ми беше јасно за каде брзав, но сега ми е.

Каде брзате и вие?

Н.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога? Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Александар Белов за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж, во глава си пеев 'еден бакнеж и магија се ... „Се каам што по завршувањето на Операција триумф се уплашив од продукцијата и до...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg