Времеплов: Омилените игри од детството

Ако сте биле од оние кои секојдневно дежурале кај флиперницата на тетката во малото и секојдневно сте очекувале џепарлак од вашите родители кој со задоволство го трошевте на жетони, тогаш сигурно ви е јасно за што станува збор.

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-01.jpg

Игрите на флипери уште познати како “arcade games” беа синоним за адреналин и забава која ни го обележа детството.

Затоа да се потсетиме на најдобрите игри каде немаше рестарт, туку еден жетон, три животи и огромна возбуда да се поминат што повеќе нивоа.

1. Pac-Man

Сигурно се сеќавате на малото жолто подвижно главче кое требаше да ги изеде сите точки без притоа да биде изедено од неговите непријатели (Binky, Pinky, Inky и Clyde). Оваа заразна игра за цел имаше да го натера играчот да го движи Pac-Man низ лавиринитот и што е можно побрзо да ги изеде сите точки. Колку побрзо ги соберевте сите точки толку побрзо одевте до следното ниво. Се сеќавате нели?

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-02.gif


2.
Galaga

Целта на Galaga беше да се постигнат што е можно повеќе поени со уништување инсекти кои беа ваши непријатели. Играчот мораше да го контролира малечкиот авион на дното на екранот додека пак непријателите беа собрани во групи кои се наоѓаа на врвот на екранот. Во понатамошните стази некои од нив се одвојуваа од целата група со цел да се судрат со играчот. Вистинска акција за секојдневно тепање време.

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-03.jpg


3.
Mortal Kombat

Колку пати се скаравте со вашиот најдобар другар или вашиот брат/сестра затоа што бевте поразени во оваа безвременска игра. Сигурно добро се сеќавате на секој од ликовите, а начинот на игра е излишно да се опишува. Игравте се додека не го натеравте противникот да зажали што ве предизвикал.

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-04.jpg


4.
Buster Bros или попозната како Pang

Низ педесет стази и околу седумнаесет локации на оваа игра од детството знаевме да заглавиме со часови, обидувајќи се да бидеме главни на флиперите и да стигнеме до највисокиот можен левел. Карактеристично за оваа игра беше што локациите всушност не беа измислени туку претставуваа слики на најпознатите објекти или природни убавини на државата и градот кои ги претставуваат. Различните големини на балони ни создаваа главоболки во обидот да се победи, но затоа различните оружја и разните додатоци секогаш беа тука да ни ја олеснат работата. Па, можевте ли да ги збришете сите балони до последно делче ?

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-05.jpg


5. Тетрис

Доколку сакавме да се изгубиме во долгочасовно размислување само на тоа што ќе биде наредната фигура која доаѓа тогаш вашиот избор сигурно бил тетрисот. Оваа руска игра која со задоволство се игра и до ден денес беше главна преокупација, а тоа колку поени ќе собереш беше главна дебата на школските паузи. Понекогаш дури и занесени во флиперот заборававме и да отидеме на часовите, но ако е за тетрис, тогаш е оправдано.

vremeplov-najdobrite-igri-od-detstvoto-06.jpg

Чудно е но, тогаш не можеше секој да пристапи до игрите како денес, затоа флиперите ни беа главна преокупација, а тетката со жетоните слатко се смееше на нашите караници околу тоа кој е подобар. Ех, беа тоа едни убави времиња.....

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“ „Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто ...
Доаѓа време кога веќе не можеш да бидеш толку наивна... Си дозволуваш да им се лутиш на луѓето, но престануваш да им се одмаздуваш, знае...
Цртани филмови што ќе им разбудат носталгија на сите што растеле во 90-тите – Се сеќавате ли на нив? Ну, погоди зајец! – Колкумина од вас се сеќаваат на времињата кога на телевизија...
„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со...
Половина од сијаличките на елката не работеа, лампионите беа во разни бои - Како украсувавме во '90-... Елките беа шарени, украсени со стаклени лампиони во сите бои. По елката стававме...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg