Колку чини љубовта меѓу мајката и синот?

Јован веќе долго време седел на еден стол во кујната и пишувал. Домашната работа одамна си ја имаше завршено.

kolku-cini-ljubovta-megju-majkati-i-nejziniot-sin-01.jpg

Неговата мајка љубопитно го прашала: „Што пишуваш така внимателно?“

„Нешто за тебе“ – одговорил Јован, прикривајќи го листот на кој пишувал.

„Знаеш дека сум љубопитна“ – му рекла мајка му.

Јован брзал да заврши и викнал: „Конечно!“

Она што го пишувал трипати го препишувал. Секојпат имал нешто да додаде. Потоа, грижливо го ставил листот хартија во плик и го оставил на работната маса на мајка му.

Тој ден, мајка му го зела писмото и седнала да го прочита

Еве што пишувало на него:

Сметка за парите кои мајката му ги должи на Јован:

1. 6 пати фрлил отпадоци: 300 денари

2. 3 пати купил леб: 50 денари

3. 4 пати ги миел садовите: 100 денари

4. 11 пати донел дрва од подрумот: 300 денари

5. Прашина, цвеќе и други ситници: 250 денари

Сè на сè: 1000 денари

Мајката климнала со главата, го зела паричникот и рекла: „Да, во право си сине, одма ќе ти платам. Навистина помогна многу“.

Јован пресреќен, ги земал парите и заминал се упатил кон градскиот парк. Таму за едно возење на рингишпилот требало да плати 50 денари. Со парите кои ги доби од својата мајка можел да се повози неколку пати... Но, наместо тоа решил да ги стави во својата касичка.

Кога се вратил дома, на креветот го чекало писмо.

Бргу го отворил и почнал да чита:

Сметка за долговите на Јован кон неговата мајка:

1. 9 години готвела за него: 0 денари

2. 9 години перела за него: 0 денари

3. Преку 3000 пати ги миела неговите садови: 0 денари

4. Преку 300 пати му ја перела облеката: 0 денари

5. Преку 100 пати не спиела во ноќите кога тој бил болен: 0 денари

Сè на сè: 0 денари

Уште истата вечер мајката на својата работна маса ги нашла оние 1000 денари кои му ги дала тој ден. Касата на Јован повторно била празна...

Би можело да ве интересира:

Телото на мртвиот маж го чувала замрзнато 12 дена за да го доведе синот на тронот - Која е најмоќнат... Во согласност со древниот обичај на династиите, Нурбану Султан наредила да бидат...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg