Сѐ зависи од начинот на кој ги гледате нештата

Сте забележале ли колку пати сме пропуштиле огромна прилика само заради нашиот став во моментот?

Se-zavisi-od-nacinot-na-koj-gi-gledate-nestata-01

Честопати нашиот успех или неуспех зависи од она што се наоѓа во нашата глава. Одлучноста и храброста за промени во нашиот живот можеби се посакувани од нашата внатрешност, но доколку не се силно зацртани во нашиот разум тогаш тие пропаѓаат.

Затоа запомнете дека секогаш треба да ја тргнете првата пречка при остварување на сите планови, а таа се наоѓа токму во вашата глава.

Стравот од она што би било е само сценарио кое се развива таму некаде, а треба да го запрете уште во првата секунда од неговото креирање, бидејќи не сакате да не ја завршите доделената задача поради мислење базирано на претпоставка.

Секогаш кога ќе наидете на такви црни облаци кои ви тежат над глава, сетете се дека сè може да биде многу поинаку, ако на работите гледате од светлиот агол.

За секоја лоша мисла најдете алтернатива и запомнете што не треба да се најде во вашите размислувања:

1. Јас никогаш нема да бидам толку паметен

Зошто некогаш би го помислиле тоа?

Оваа реченица покрај тоа што е апсурдна, во никој случај не би требало да ви падне на памет. Никогаш не треба да си ја спуштате вашата самодоверба на ниво на кое не заслужува да се најде.

Никој не се родил со гените на Ајнштајн, но наместо да велите дека никогаш нема да бидете доволно паметни можете да си речете: „Јас ќе научам како да го направам тоа“ и ако се раководите според тоа ќе видите дека нема нешта кои не можете да ги постигнете.


2. Ова не е доволно добро

Искрено колку и да се трудите, дури и да постигнете 99 поени од вкупни 100, секогаш ќе ве мачи тој еден поен кој не сте го освоиле, поентата ми е да ви кажам дека секогаш може да биде подобро иако претходното било сосема добро.

Но, кога ќе се најдете во ситуација да речете дека не е доволно добро запрашајте се дали тоа е навистина вашата најдобра работа. Дали сте вложиле сè што знаете и умеете.

Ако тоа сте го направиле, тогаш не се жалете од резултатот, по сите тврдења човекот не е никогаш задоволен, но ако давате максимум и добивате добри резултати тогаш која е потребата од нервоза и жалење ?


3. Како можев да направам таква грешка?

Повторно реторичко прашање упатено до изворот на несреќа во вашето тело со цел да се разбуди чувство на вина. Но, дали има потреба од сето тоа?

Јас би рекол кој е безгрешен нека фрли камен, но таков нема. Грешките постојат и помагаат од нив да се научи, затоа и се случуваат.

Најважно од сѐ е со здрав разум да ги разгледате, ако ви треба помош да побарате и понатаму да одлучите што ќе правите со она што се случило.


4. Се откажувам

Ако тоа некогаш се појави во вашите размислувања за било што, повторете си ги овие едноставни зборови: „НЕ! НЕ! НЕ!“.

Не сакате да ве паметат како некој кој се откажува, најлесно е да кренете раце од сѐ, но што би било со светот доколку сите се откажат?

Ако една стратегија не ви успева, променета ја и обидете се повторно.

Откажувањето дефинитивно не е опција која треба да ја земете во предвид, не сте се мачеле да стигнете до каде што сте за да се откажете.


5. Ова е премногу тешко

Ниту еден успех не се достигнува по лесен пат, добро секогаш има исклучоци, но убавината и чистотата на успехот постигнат од вас самите, по пат за кој само вие знаете како сте се чувствувале додека сте го оделе.

Затоа нема тешко, големите луѓе се справуваат со такви тешки предизвици, нема изговори, зацртајте во вашата глава дека за некои работи треба поголема посветеност и повеќе пот. Но, не постои нешто кое не може да се совлада. Се е прашање на вашиот стремеж кон одредени работи.

Ако се сетирате да функционирате само на позитивни мисли и да не бидете исполнети со горчина кон самите себе, работите би требало да ви одат од рака. Секогаш позитивното расположение е првиот чекор кон остварување на секој успех. Во вашата глава нека нема место за негативни мисли и трудете се секогаш да се наоѓате во осветлениот агол на животот од таму работите подобро се гледаат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg