Кога е време да се извадат помошните тркалца?

Во животот многу работи ги учиме подоцна, а требало порано, но тука нема барање правда, бидејќи правдата најчесто ја нема. Ова е само една сурова игра на преживување во која најсилните ќе опстојат.

Koga-ke-dojde-vreme-da-se-izvadat-pomosnite-trkalca-01

Знаете сè е многу поубаво доколку сами не треба да поминеме низ сито и решето за да стигнеме до целта, но за жал никој не сака да ја игра играта наместо нас, а ние треба да се навикнеме.

Се сеќавам кога имав седум годинки, беше некаде пролет и сите беа со своите велосипеди надвор. Сакав и јас да излезам да си играм и се затрчав во подрумот да го извадам мојот син велосипед со помошни тркалца и да се возам со моите другарчиња.

Немаше ништо страшно, знаев сè додека ме држат помошните тркала немам како да се повредам.

Но, додека се обидував да го извлечам велосипедот од подрумот, дојде татко ми и ми кажа нешто што во тој момент ми ја замрзна крвта.

Ми кажа дека било време да се извадат помошните тркалца и да научам да возам без нив.

Така било подобро, така било побрзо, така правеле возрасните.

Можете да замислите која паника настана во моето детско кревко тело кога ги слушнав тие страшни зборови?

Заборавив на играта, заборавив на убавиот ден и се вратив внатре.

Тој стоеше надвор и ме чекаше да излезам, знаеше дека нема да издржам, знаеше дека кога тогаш ќе морам да се соочам со велосипедот без помошни тркалца.

Не издржав, детската смеа и радост која ечеше од школскиот двор каде сите играа ме намами да се соочам со стравот. Излегов и се качив на велосипедот.

Срцето ми лупаше забрзано, но имав некоја храброст, бидејќи татко ми ме држеше додека да добијам рамнотежа. Го натерав да ми вети дека нема да ме испушти.

Сè додека ме држеше убаво управував, но дојде удолница и тој ме пушти, во првите неколку секунди се задржав, но кога видов дека го нема се зарив во првото дрво кое што се најде лево од патот. Летнав преку рачките, со страшен пад и ги пеплосав колената. Седев и плачев на мојата мака, мислев дека татко ми ќе ме сожали.

Но не, тој само дојде се насмевна и ми рече да се качам повторно.

Јас го погледнав и му дадов до знаење дека тоа нема да се случи ниту да ми купи три корнети сладолед.

Се заврти и ми ја одржа лекцијата на мојот живот:

„Во животот сите ќе се гордеат на твоите успеси, но ретко на кого ќе му е гајле за твоите падови.

Колку побрзо ги избришеш солзите и станеш од земјата, толку повеќе ќе одиш напред и повеќе ќе постигнуваш. Еве како сега, да не се исплашеше, да не паднеше,сега ќе беше на игралиштето и ќе играше.

Помошните тркалца се тука да ти покажат дека во животот има полесен начин, но тој начин не е секогаш вистинскиот, не е секогаш најдобриот.

Ако сакаш да направиш нешто со себе мора да се научиш на сите предизвици, да бидеш стабилен и одлучен дури и кога се плашиш, бидејќи стравот секогаш ќе постои, дури и кога јас нема да бидам до тебе, зад тебе или крај тебе.

Затоа ти дозволив да ги солупиш колениците. За да ја почувствуваш болката на животот, да го почувствуваш нејзиното присуство, за да знаеш дека секој нов обид да се направи нешто поразлично ќе боли. Но, нека боли и треба да боли.

Тоа не значи дека треба да се откажеш туку,  така ќе научиш да бидеш издржлив, само така ќе научиш да се справиш со сѐ во својот живот.

На тој начин никогаш нема да бидеш жртва, туку секогаш ќе бидеш херој.

А, сега бриши ги солзите и качувај се.“

И се качив уште сто пати и паѓав уште сто пати, но кога ќе се свртам вака назад што се гребаниците на колената во споредба со она што го научив тој ден.

Денес ми е многу мило што татко ми ме натера да ги извадам помошните тркалца, иако во моментот  беше страшно и многу болеше.

Денес се гордеам на тие лузни.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg