Беше тешка година, но уште еднаш, преживеав

Цела една година не можев ништо да напишам. Едноставно немав никаква инспирација. И ќе ве излажам ако ви кажам дека оваа мрачна тишина имаше некаква причина. Немаше.

beshe-teshka-godina-no-ushte-ednash-preziveav-01.jpg

Вистината е дека ова беше тешка година за мене.

Бев и секаде и никаде. Лесно го менував мислењето за работите и ситуациите, за големите работи... до таа мера што повеќе немав никакви цели и намери. Се сомневав буквално во сè, дури и за прашањата кои се надевав ќе ме извадат од темнината.

Но тоа не се случи. Не ме извадија од темнината. Верувајте ми. Иако се обидував, не успеав.

Често се прашував себеси дали случајно сум грешка, дали моето постоење е грешка уште од самиот почеток, дали мојот живот е креиран за разочарување.

Можеби сите овие прашања произлегоа од фактот што немав никаква цел во животот и тоа што ми недостасуваше насока. Можеби сето ова произлегуваше од срамот кој го чувствував едноставно затоа што немав ништо да понудам, ништо да дадам и покажам.

Можеби од сè по малку.

А, можеби и сè произлегува од фактот што имав големи страсти, љубопитност и сакав да го изразам моето срце, па се плашев дека сè што ќе направам нема да има никакво значење, без оглед на тоа какви ми биле намерите, големи или мали.

Можеби тој страв ми велеше да избегам од сè, ја охрабруваше мојата навика да се обидувам да исчезнам меѓу редовите на моите зборови.

Секогаш, без утка скокнував во темнината пред мене, удирав на дното на мојот сопствен пекол.

Се чини дека овие мои бурни паѓања и не беа така лоши. Научив две три работи од нив.

Можеби не открив што точно ме прави среќна, но научив што ми се случува кога се обидувам да ги следам оние работи кои посакував да ме направат среќна. Научив што не сум и дека треба да престанам да се обидувам да бидам нешто што не сум.

Научив или барем, запомнив дека не сум единствена личност која се чувствува вака. Не сум единствената личност која се бори да дојде до патот кој многупати ми се чинеше дека воопшто не постои. Не сум единствената личност која се презирала себеси.

И токму затоа, оваа година на тишина завршува. Имаше своја цел, болна цел да го направи она што мораше да го направи.

И еве ме. Беше тешка година.

Но, уште еднаш, преживеав. И во овие моменти додека барам нежна рака која ќе ми помогне да се искачам и да излезам од дното, знам дека има и други како мене, некои кои очајно бараат помош и поддршка.

Сега подготвена сум да направам чекор нанапред, мал, но сигурен чекор кон нешто подобро.

Чекор по чекор...

Би можело да ве интересира:

„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
Живеам во Стојаково: Зошто избирам да живеам во село, наместо во град? Тука се живее послободно, трчаме на сопствена земја, се движиме послободно и без...
„Облечена во галичка носија, тешка 25 килограми, бев статист на Галичка свадба - од прва рака ја дож... Со нетрпение ја очекувам Галичката свадба, која ќе се одржи наскоро, викендот по...
Кент, Монопол, Брза географија - Друштвени игри што будат носталгија и ќе ве потсетат на детството Се сеќавате ли на друштвените игри што ги игравме како деца? Колку од вас сѐ ушт...
Марис за CRNOBELO лексикон: „Омилени игри ми беа џамија, штркот бара боја и ластик“ „Не сум размислувала кој лик од цртаните би сакала да бидам. Можеби „The Fairy G...
Шеговита, но вистинита објава за ставот на децата кон своите мајки (на различна возраст од животот) На 4 години – мама знае сè. На 8 години – мама знае многу. На 12 години – мама н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg