Нека 2016-та биде шаренолика!

Помеѓу соништата и јавето, годината измина. Помеѓу плановите и реализираното сместив 365 дена. За оние што се дел од мојот свет посветив 12 месеци. Има и такви кои своеволно прекинаа контакт со мене, има и такви кои јас ги напуштив, за тоа потрошив повеќе од 8.000 часа, но не се каам, се случува со причина.

neka-2016ta-bide-sharenolika-01.jpg

Ја променив адресата, бројот на гардероба, начинот на кој се шминкам, бојата на косата, образовната институција, работното место, начинот на исхрана, биоритамот кој го имав, но останав истата јас. Гласна, некогаш агресивна, амбициозна, директна и искрена, насмеана и ненаспана која еден роман може да ја расплаче, ситниците да и предизвикаат нежност и одлучно стои на своето, макар и сама.

Од се срце благодарам на моите луѓе. Благодарам за тоа што бевте крај мене и создадовме година за паметење, се надевам... Благодарам за Вашето време, внимание, споделени емоции, за нервите со кои ме слушате, за советите кои ми ги дававте, за критките бидејќи ме насочуваат, за тајните кои ги чуваме, за сите заеднички муабети,насмевки, кафиња и ручеци.

Се извинувам ако некогаш сум била прегласна, нападна или агресивна (ова не важи за децата кои ми врескаат под прозор и фрлаат петради), ако на некој му имам згрешено нешто, а не сум сакала или можеби се уште не сум свесна за тоа. Се извинувам и на сите оние на кои не им се допаднале моите ручеци и вечери, ама сериозно, не сум Џејми Оливер.

Крајот на годината е убав период, прегратките и бакнежите станаа се почести, се повеќе насмеани лица и украсени, осветлени градови кои наликуваат на бајка.

За годината што доаѓа, ви посакувам многу радост во сите можни форми, среќа зачинета со безброј насмевки, љубов во сите нијанси за да согледате дека шареното е во мода.

Нека шаренолик биде вашиот свет, нека изобилува со позитивни луѓе, бакнежи, прегратки, пријатни мириси, пикантни вкусови, нежни допири и цврсти зборови. Останете ми здрави, живи и весели!  Да споделиме уште поубави моменти оваа година, да бидеме заедно, да создаваме идеали, убави манири, добри навики, да сонуваме, да планираме, да се надеваме, да разговараме, да се насмевневуваме, да си помагаме!

Да се журкаме, да живееме. Живуркањето излезе од мода!

И да, може ли да пробаме пак да веруваме во Дедо Мраз? Се што треба да направиме е да викниме оџачар за да ни го исчисти оџакот. Според старите македонски верувања кога ќе видиш оџачар треба да се фатиш за копче, петлива, да си замислеш желба и таа ќе ти се исполни. Па, што после ако Дедо Мраз не дојде? Тебе новогодишната желба веќе ти се исполнала поради оџачарот...

Најмагична Нова!

neka-2016ta-bide-sharenolika-02

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на ургентно во Скопје 3 пати во една седмица и сфатив колку сме неблагодарни за сè По игра на случајноста наречена живот, се најдов во една седмица 3 пати на урген...
„Ние младите многу скроламе по телефоните, малку живееме, дури ни љубов не водиме“ „Трчаме по некакви Инстаграм фантазии, имаме нереални очекувања. Многу мои врсни...
Кога си го пронајдов вистинскиот маж, животот стана полесен - дури и кога бури беснеат Тој е маж што го сака домот, маж за кој замислата за среќа е да минува време со ...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Ретро носталгија: Се сеќавате ли кога во дневни весници читавме најава што ќе има на ТВ програмата? Ах, порано кога времињата беа поедноставни, сè беше некако помагично, зарем не? ...
„Ако жена денес објави ваква фотка на Инстаграм ќе добие куп критики – Софија Лорен е симбол за секс... Софија Лорен јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg