„Aко се скинат, ги врзуваш со жица и тераш уште 20 години“ - Хит твитови за влечките од ЧИК Куманово (фото)

Повозрасните се сеќаваат на старите гумени влечки што се произведуваа во фабриката ЧИК Куманово, а беа застапени во секоја македонска куќа. Ги имавте ли и вие? Фотката на која Роналдо збунето ги гледа овие влечки беше хит на социјалните мрежи.

ako-se-skinat-gi-vrzuvash-so-zhica-i-terash-ushte-20-godini-hit-tvitovi-za-vlechkite-od-chik-kumanovo-foto-01.jpg

Иако веќе неколку години наназад не се произведуваат, во голем број македонски домови нив сѐ уште ги има, а повозрасните тврдат дека поиздржливи обувки никогаш не биле произведени.

Народски ги викаа и „малтерки“, затоа што со нив слободно можеш да работиш и нема да се скинат, а многумина се сеќаваат и како родителите ги бркале со овие влечки.

„Со влечките можеш да работиш на градилиште, нива и во војска, а Чик се одлични за секаква пригода, доколку се закинат можеш да ги стегнеш со поцинкувана жица и тераш 20 години. Купувајте квалитет, не име“ - стои во еден од коментарите на цоцијалните мрежи.

ronaldo-beshe-impresioniran-od-nivniot-dizajn-ako-se-skinat-gi-vrzuvash-so-zhica-i-terash-ushte-20-godini-hit-tvitovi-za-vlechkite-od-chik-kumanovo-foto-02.jpg

Во 2017-та година хит на социјалните мрежи беше фотографијата на која Кристијано Роналдо, кој тогаш играше за ФК Real Madrid имаше тренинг во Скопје, а се загледа во влечките на човекот што ја одржува тревната површина на националната арека „Тодор Проески“, а кои беа токму такви.

„Да не заборавиме дека и Роналдо ги има запознаено влечките на ЧИК Куманово“ – стои во еден од твитовите.

Фотографијата стана хит и во 2022-ра година кога македонската фудбалска репрезентација оствари победа над европскиот првак Италија во првиот бараж натпревар за учество на Светското првенство во Катар, па пред натпреварот со Португалија, повторно се споделуваа твитови:

„Роналдо, идеме по тебе. Не си тепан со влечки од ЧИК Куманово“

На социјалните мрежи ЧИК Куманово честопати се тема на комични статуси и објави, што нѐ потсетуваат на детството и на тоа како живеевме во минатото.

„Мајкл Корс украл дизајн од Чик Куманово влечки... Само овие ќе се распаднат за 2 сезони - а Чик се неуништливи“.

„Бершка во соработка со Чик Куманово ви претставува...“

„Мајка ми ме бркаше со папучата ехееееее, некад и ќе ме фатеше“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава