„Земјата со помалку од 2 милиони жители ја посрамоти Италија дома“ – Како странците ја доживеаја победата на Македонија? (фото+видео)

„Кошмар за Италија“, „Италија е засрамена“, „Катастрофа“ – вака италијанските и светските медиуми го коментираат синоќешниот пораз на моменталниот европски првак во фудбал од Македонија, a странските коментатори изгубија глас од возбуда по неочекуваниот исход на натпреварот. 

zemjata-so-pomalku-od-2-milioni-zhiteli-ja-posramoti-italija-doma-kako-strancite-ja-dozhiveaja-pobedata-na-makedonija-01.jpg

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа ја победи Италија во првиот бараж натпревар за учество во Светското првенство во Катар и со тоа дојде чекор поблиску до сонот за учество на големиот мундијал, а оваа вест е топ тема во поголем број од светските медиуми.

Речиси никој не веруваше дека Македонија би можела да оствари победа над европскиот првак Италија и да оди понатаму во пласманот за учество на Светското првенство, но благодарение, пред сè, на цврстата одбрана, избраниците на Благоја Милевски покажаа дека и невозможното може да се оствари.

Kако што рече и самиот Благоја Милевски: „Ја победивме Италија на италијански начин“.

На социјалните мрежи се појавија видеа од преносот на мечот во странските медиуми, погледнете како го коментираа голот на Александар Трајковски во 92-та минута во странските медиуми:

На следната страна погледнете што пишува во странските медиуми за победата на Македонија...



Би можело да ве интересира:

Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...

Најчитани неделава