Од осаменост до длабока поврзаност

Со доаѓањето на технологијата и социјалните медиуми постојано се зголемува брзината на животот, а луѓето можат да се чувствуваат повеќе поврзани, на некој начин. Но од друга страна реалните размени лице-в-лице стануваат повеќе ретки. Социолошките истражувања покажуваат дека многу луѓе имаат чувство дека немаат со кого да разговараат за својот личен живот.

Od-osamenost-do-dlaboka-povrzanost

Осаменоста е главната причина поради која луѓето одат на терапии. Социјалната врска е од клучно значење за нашето здравје и благосостојба, како што ранливоста е суштински елемент за интимност.

Од една гледна точка, сите ние сме во основа сами. Сите сме независни субјекти со мисли, чувства и емоции кои никој друг не може целосно да ги разбере или искуси. Од друга страна ние сме секогаш меѓусебно се поврзани со милиони луѓе од целиот свет, преку сложена мрежа на економски и социјални односи. Ние сме буквално поврзани со секој човек кој го споделува истиот воздухот кој го дишеме.

Кога болката и осаменоста ќе станат неподносливи, овие неколку совети можат да ви помогнат осаменоста да ја претворите во длабока поврзаност...

Поврзете се со вашите емоции

Емоциите ставете ги во центарот на вниманието, особено ако сте научени да го одвлекувате вниманието од вашите чувства. Оваа вежба може да делува непријатно, но потребно е да си дозволите да чувствувате. Набљудувајте ги емоциите, забележите ги мислите кои ги поттикнуваат, плачете ако имате потреба. Биде со непријатност целосно.


Чувствувајте ја тишината

Тишината може да биде тешка, па дури и страшна за некои луѓе. Луѓето се навикнати на звуци и бучави од телевизија, радио, текстуални пораки, свиркање, тонови на мобилните телефони, Фејсбук известувања и сл. Обидете се да седите во потполна тишина барем половина час на ден. Ако сакате можете да се прошетате во тоа време. Чувствувајте ги работите околу вас и во вас.


Обидете се со медитација

Иако медитацијата е многу едноставна, таа, исто така, може да бара и голема храброст. Чувствувајте, мислете и не се обидувајте да ги контролирате или промените истите. Бидете трпеливи. Ако чувствувате непријатни емоции, соберете ја вашата храброст, сила, издржливост и трпение и соочете се со нив. Поставете си временски рок. Можете да почнете со 5 минути на ден и да го зголемувате постепено до 20 или 30 минути.


Поврзете се со природата

Ако поврзување со луѓето ви е предизвик, поврзете се со природата. Прошетки во природа можат да  ја зголемат вашата благосостојба, дури и во случај на депресија. Изложеност на природата ја зголемува вашата вредност, поврзаност и блискост.

Луѓето често бегаат од самотија и осаменост, бидејќи се плашат да бидат сами. Но, да се биде сам, исто така, значи да се прави она што го сакате. Можете да јадете што сакате, да гледате што сакате, а вашите одлуки да бидат целосно ваши. Да се ​​биде сам е често единствениот начин вистински да се одморите, нестимулирани од околината и другите луѓе.

Конечно, сфатете дека не сте сами. Сите сме длабоко ранливи. Само ова знаење може да го отвори вашето срце и да направи да се чувствувате поврзано со сите. Болката ви овозможува длабочина и емпатија.

Елизабет Кублер-Рос, психијатар кој работел со пациенти на умирање, напишала: „Најубавите луѓе кои ги знаеме се оние кои го познаваат поразот, страдањето, борбата, загубата и го пронашле својот пат од тагата. Овие луѓе се чувствителни и го разбираат животот, што ги исполнува со сочувство, нежност и длабока љубов“.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Вкусот на Скопје: 10-ка со кромид кај Жабарот, еклери и боза во Апче Бурек и банички, варени ѓевречиња, ребро на скара и 10-ка со кромид, хамбургер с...
Носталгија за старите времиња: Некогаш за сликите од одмор организиравме седенки, а денес добиваме с... Фотографиите порано служеа за сеќавања, а денес за што служат? Се сликаме, става...
Македонците за CRNOBELO откриваат: „Кое е најглупавото прашање што ви го поставиле на прв состанок?“ Првиот љубовен состанок многу често е чуден – чувствуваме напнатост, не знаеме д...
За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола уб... Во мое време, пред околу 30 години, детските песни беа невини и искрени, се пееш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg