Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари

Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го пронашле најголемото богатство еден во друг...

siromasen-maz-01.jpg

Многу сиромашен маж живеел во хармонија со сопругата.

Еден ден, сопругата, која имала многу долга коса, му побарала да ѝ купи нов чешел за да може да ја чешла и да се грижи за неа.

На мажот му било многу тешко, но сепак ѝ рекол дека не може да ѝ купи чешел.

Ѝ објаснил дека нема доволно пари да го поправи ни каивчето на својот часовник кое се скршило.

Жената по ова не инсистирала тој да ѝ купи чешел.

Следниот ден мажот тргнал на работа. Поминал покрај дуќанот на некој часовничар и му го продал евтино својот часовник, па тргнал кон продавницата да ѝ купи чешел на сопругата.

siromasen-maz-02_copy.jpg

Кога вечерта се вратил дома, во раката го држел чешелот, подготвен да ѝ го подари на сопругата.

Се изненадил кога видел дека таа има куса коса.

Таа ја истрижала косата и ја продала, а од парите купила ново каивче за часовникот на сопругот.

Во истиот момент двајцата заплакале. Не поради лошата процена во нивните одлуки, туку поради жртвата што ја направиле за својата љубов.

Запомнете, кога сакате некој, тоа не е ништо. Кога ве сакаат, тоа е нешто. Но, кога сакате и ве сака тој што го сакате вие - тоа е сè.

Извор

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg