Вкусот на Скопје: 10-ка со кромид кај Жабарот, еклери и боза во Апче

Бурек и банички, варени ѓевречиња, ребро на скара и 10-ка со кромид, хамбургер со сè во него или пица поделена со пријателите. Слатки, сладолед, шампити, трилече и секако, боза, лимонада и боровница. Што е највкусно во нашето Скопје?

skopski-vkusni-legendi-banickite-na-delises-skarata-na-zabarot-kebapcinjata-na-destan-i-bozata-na-apce-01_copy.jpg

Владо Јаневски, миленикот на сите генерации, запеа „Ова е само наше Скопје“ посветено на нашиот главен град, нашето катче, и нема некој што не го знае рефренот на оваа песна, како химна за Скопје.

А, тоа е совршена комбинација од безвременската убавина на чаршијата и нејзината историска вредност, волшебната Матка каде царува мирот, Градскиот парк, збир на спомени - за некој први чекорчиња, за друг прв бакнеж или прв концерт на Школка, плоштадот и кејот на Вардар - новото руво на градот кое мами туристи, гордото Водно во срцето на градот, ресторани, кафулиња, кафеани, фурни и пекари… тоа е нашето Скопје.

Сите добро го знаеме ликот на Скопје, и мирисот, мирисот на липи по пролетен дожд, аромата на печени пиперки во рана есен, а зимата, зимата во Скопје мириса на печени костени на градскиот плоштад.

Но, кој е вкусот на Скопје?

Бурек и банички, варени ѓевречиња, ребро на скара и 10-ка со кромид, хамбургер со сè во него или пица поделена со пријателите. Слатки, сладолед, шампити, трилече и, секако, боза, лимонада и боровница.

Што е највкусно во нашето Скопје?

Бурек или баничка?

Баничките со месо, сирење и пица од млечниот ресторан Ла Делишес спроти Соборниот храм дефинитвно се врежани во скопското мени.

Достапни во текот на целиот ден, а и навечер, скоро секој од нас своето ноќно излегување го има завршено во млечниот ресторан кој скоро 15 години ги прави највкусните банички во градот.

View this post on Instagram

A post shared by •ВКУСНАХРАНА (@vkusnahrana1)

А, на списокот за највкусни печива во градот мора се спомене и пекарата Силбо спроти Универзална сала позната по вртените пити, слатките пити со вишна, чоколадниот кроасан, дебарскиот сендвич и ѓеврекот со сланина.

Во познати пекари ќе ја споменам и Вегера, која својот врв го достигна во почетокот на 2000-тите со свои локали на повеќе локации низ градот, a нè освои со кроасните и доматниот сос служен во мали пластични чаши.

За бурекот, омилениот македонски појадок - четвртина со месо и чашка јогурт - мислењата се поделени.

Секое скопско маало си има своја легендарна бурекџилница, а меѓу најпознатите се Милениум кај млечниот ресторан, Фурна во Чаир, Цујо во Ѓорче Петров, Кичево во Кисела Вода, Флорида на пазарчето во Буњаковец, Пезого кај Драмски, а за бурек од кој и прстите ги лижеме, тајната е во рацете на мајсторите.

Кога сме кај пекарите и фурните, во скопски култни локали вреди да се вбројат и крофните од Хром, вкусните и меки ремек-дела од Кај мајче на чело со зденка-маслинка и најдобрите симит-погачи од малата бурекџилница во старата скопска чаршија.

И секако, продавачите на ѓевречиња низ градот со мали колички, еден од нив секогаш беше на влезот на Филозофскиот факултет, барем јас кога бев студент.

За мојата генерација 88-ма и оние малку пред и по мене, Жито Лукс беше посетуван на секој голем одмор.

Каде се највкусни ќебапчињата?

10-ка со кромид и лепиња со ладно пиво е еден од омилените оброци, но во која скара во Скопје се печат највкусните ќебапчиња?

Кога станува збор за ќебапчиња мене патот ме води во Дестан, во чаршијата, со традиција од далечната 1913.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg