Прочитај го ова не ако имаш само лош ден, туку лош живот

Мислам дека конечно треба да престанам да бидам жртва на околностите. Да, знам. Дадов сè од себе. Го насочив мојот ум. Дадов 100% од себе, без откажување. Не се воздржував. Продолжив да давам и давам. Продолжив да се обидувам и обидувам, како река која никогаш не престанува да тече.

procitaj-go-ova-ne-ako-imash-losh-den-tuku-losh-zivot-01.png

Но, дојде крајот на тоа, нели? Некаде на половина пат, на некој начин, сфатив дека мојата река одеднаш пресуши, стана пуста и празна. Се најдов себеси вкоренета за земјата, неподвижна, во стагнантна фаза која си ја наметнав на себе.

А, до пред само неколку дена, уживав. Толку е едноставно да се обвинуваат суровите околности, да се истура фрустрацијата на тоа дека колку и да сме се обидувале, работите не успеале поради нешто надвор од нас, да го ослободиме разочарувањето кон луѓето кои најмалку посакуваме да ги повредиме, но сепак тоа го правиме. Поедноставно е да се жалиме на досадноста и монотоноста на секојдневието. Поедноставно е да се каже „не сум јас виновен“... „ Животот ме фрли во сенка, па нормално е вака да се однесувам“.

Во моментот ова се чини како логично размислување нели? Сервирани сте со потешки ситуации, имате трње во чинијата кое со драго срце би го вратиле, фрлиле назад со екстра трње како додаток.

Ние луѓето сме многу пасивно агресивни понекогаш. Како одбранбен механизам ни е. Вграден. Инстинктивен. Интуитивен. Како око за око третман кој му го даваме на животот за возврат на работите кои ни ги сервира. Како фин начин како да му вратите на животот назад сè што ве повредило.

Кога сме провоцирани, имаме тенденција да избувнуваме, да зборуваме сè и сешто, глупости, да се стуткаме во агол, да се убедиме себеси дека не треба повторно да се обидуваме.

Престануваме да се обидуваме, да даваме, да даваме сè од себе. Се залажуваме дека сме презаситени од сè што животот ни сервира, дека сме биле до пеколот и назад, сме направиле сè што најдобро знаеме. Се запечатуваме во заштитен меур. За да не се повредиме себеси повторно. Да не мора повторно да ја искусуваме болката. Да се криеме, далеку, далеку од крајбрежјето, за да ја избегнеме турбулентната плима за да не потонеме во длабочините на водата.

Но, искрено јас сум уморна, доста ми е од тоа линијата на кардиограмот полека, но сигурно сама да се стеснува. Затоа што како ме дефинира мене ова? Како кукавица која прерано се откажала, како срамежливо дете кое се крие позади нозете на својата мајка, да се закопа во сопствената мизерија и незадоволство.

И што ако светот истура отров над твојата глава? Што ако луѓето те повредуваат? Што ако паѓаш од време на време? Околностите никогаш не треба да бидат изговор за да дадете бело знаме на животот.

Ако се одлучите за пасивност, одбирате студена индиферентност, ако си кажете на себе во ред, престанувам да го правам ова, подобро да се откажам. Ако се откажете, тоа не значи дека се попаметни, дека сте донеле правилна одлуки. Ја славите плашливоста. Немате ‘рбет.

Искрено, никому не му е гајле. Светот воопшто не се интересира за твоите проблеми.

Затоа, престани. Престани да драматизираш. Да се жалиш. Сами одредуваме какви искуства ќе носиме во нашите сеќавања. Сами одлучуваме како ќе го пополниме нашиот живот. Треба да престанеме да си велиме дека ние сме жртвата. Борете се и никогаш не се откажувајте.

Кому му е грижа ако не победиш во битката? Твоите дела, избори, искуства де дефинираат, ќе ти помогнат да пораснеш. Да созрееш.

Па ако не ти е лош само денот, те предизвикувам. Застани на своите две нозе и бори се. Никогаш не се ограничувај. Никогаш не прифаќај помалку отколку што заслужуваш.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова за CRNOBELO лексикон: „Посакувам да имам свој дом“ „Неодамна купив еден добар џогер. На секое чистење си велам - најдобрата инвести...
„Секогаш пофали ја храната што ти ја приготвува сопругата“: Совети од мајката до нејзиниот оженет си... Помини шест вечери со семејството, а една со пријателите - важно е за ментална р...
Maкедонци одговараат за CRNOBELO: „Кога ќе помислам на школските денови – кој професор прв ми паѓа н... Марија (45) од Скопје за CRNOBELO.com се потсетува на школските денови: „Доколку...
Го глумеа и Господ и ѓаволот во Македонските народни приказни, но пораката беше иста: „Доброто со до... Македонските народни приказни нѐ научија дека Господ секогаш води сметка за наше...
Половина од сијаличките на елката не работеа, лампионите беа во разни бои - Како украсувавме во '90-... Елките беа шарени, украсени со стаклени лампиони во сите бои. По елката стававме...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg