Скршен сум и прелепен, но и така може да се живее среќно

Животот го живеам по свои убедувања, цврсто верувам во она што го мислам и сум сигурен во она што го правам.

moeto-opravdanie-za-zivotot-001.jpg

Никогаш не сум се фатил себеси во залудно размислување за она што поминало, едноставно се трудам да најдам одговор за она што доаѓа.

Пробувам да бидам приземен и секогаш насмеан, без разлика колку пати сум се скршил. Иако прелепен, сепак мислам дека претставувам еден одличен артефакт во излогот наречен живот.

Луѓето не секогаш имаат разбирање за постапките, луѓето не секогаш сакаат да ги разберат причините или последиците кои вие ги имате, а се кријат во позадина на тие постапки, но секогаш кога ќе добиев зошто, јас имав соодветно затоа.

Не се откажувам, затоа што колку и да изгледа недостижно, моето откажување нема да придонесе за остварување на недостижното. Па, наместо да бидам губитник кој се откажал, јас попрво би бил борец за недостижното кој дал сѐ за да успее.

Се соживувам со секој еден надвор од моето тело, затоа што сечија приказна сама по себе е единствена комбинација на букви која вреди да биде ислушана.

Плачам кога е тешко, затоа што секој еден има право да ги пушти своите солзи на дневната светлина секогаш кога ќе се почувствува така. Нема правило кое вели дека е забрането мажите да плачат. Тие плачат, бидејќи на крајот на денот и тие се човечки суштества.

Љубам, затоа што љубовта е едно од најсилните чувства кои можат да променат сѐ, со само еден поглед, со само една мисла, со еден допир кој опива. Без размислување, без калкулации, чисто и искрено.... љубам.

Не дозволувам да ме запрат, затоа што злобниците се ненаситни, како хиени околу својот лесен плен. Но не постои сила, не постои збор или човек кој ќе ме натера да побегнам од она што треба да го создадам. Затоа се бунтувам, како силен лав во железни окови, со глас кој одекнува, додека се околу не оглувам.

Не се плашам, затоа што стравот е само затвор во кој би живеел попусто. Зошто да  ја ограничувам својата слобода со замислени граници кои би го загорчиле моето секојдневие?

Живеам, затоа што не сакам да се завртам еден ден и да откријам дека сум го потрошил цел живот залудно борејќи се за погрешни цели.

Бегам секогаш кога ќе почувствувам отсуство на среќа, затоа што мојот живот е прекраток за јас да трошам време на работи кои не ме усреќуваат. Додека да трошам време на бесполезно изгубени работи, јас бегам во потрага на она што ќе ме исполнува.

Имам срце за сите, затоа што нема поголема среќа од насмевката на нечие лице, предизвикана од моите слаткоречиви зборови. Секогаш имам пасија да предизвикам среќа кај луѓето, дури и кога претерувам.

Не се срамам да бидам она што сум, затоа што нема подобра верзија на она кое што си ти, освен ако самиот не сакаш да ја надградиш. Живеам со она што го дал Бог и се трудам да дадам бидам јас оној кој ќе даде повеќе на светот. Макар трошка љубов, макар трошка среќа. Пробувам тоа да бидам јас, малото жарче кое ќе содзаде пламен.

Не се правдам, бидејќи животот и покрај тоа што е школо мене никој не ми назначи класен раководител. Затоа се што правам е товар кој сам ќе го понесам и сите последици се удари кои сам ќе ги поднесам.

Така сум живеел, така и ќе продолжам се додека со овие две раце можам да се задржам и додека дишам ќе се надевам дека еден ден кога ќе се завртам и погледнам, ќе имам на што да се гордеам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg