Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Понекогаш храброст е да ги отвориш очите и да станеш од креветот

Понекогаш, храброста е толку едноставна што само треба да ги отворите очите наутро. Понекогаш, храброст е да направите напор да го изедете појадокот без да си го напишете името во житарките или да ги скршите забите од некоја тврда храна.

ponekogas-hrabrosta-e-da-stanes-od-krevetot-da-stanes-da-jades-i-da-ne-si-go-napises-imeto-vo-zitarkite-01

Понекогаш, храброста е начинот на кој се заљубуваме во нашата тага и меланхолија која нѐ заспива, која ја чувствуваме секоја ноќ убедувајќи се дека можеме да ја надминеме, иако се чувствуваме поинаку.

Не, храброста не е исказ, ниту пак постигнување. Понекогаш храброста е начинот на кој бавно ги отстранувате сите негативни луѓе од животот слушајќи го нивниот глас во јавност без да им ја свртите главата.

Понекогаш храброст е да се смеете за вашата помалечка сестра, иако срцето ви е скршено на ситни делчиња. Понекогаш храбро е да ѝ кажете дека љубовта постои дури и во денови кога не верувате дека постои.

Видете, храброста не е качување на Монт Еверест или менување на светот.

Понекогаш планината што треба да ја искачите е составена од работни денови и месеци, од тоа да се туркате напред, дури иако сакате да се закопате и да останете во минатото.

Понекогаш да го промените светот значи да го промените сопствениот свет – онака како што постепено ви е потребно, како што ви е потребно нежно да заздравите затоа што храброста не значи војна и крвопролевање.

Понекогаш храброста е тивка борба, мекост која тлее во вас и која светка дури и во најтемните дни и ве потсетува дека вие сте храбри и дека растете. И дека има надеж.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
Празната душа не можете да ја наполните со материјални работи Многу луѓе се трудат да стекнат материјално богатство со надеж дека ќе им донесе...
Бобан Илиоски за CRNOBELO лексикон: „Би сакал да живеам во времето на гладијаторите“ „Се тепам секогаш кога имам прилика, обожавам да се тепам (ха-ха)“ - напиша свет...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
8 причини и традиции заради кои го сакам Бадник Утринско будење со детски џагор, песна „Коледе-леде“ и дарување коледарчиња, па ...
Екс-ју песни кои годинава полнат 40 години (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Princeza“ од Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg