8 причини и традиции заради кои го сакам Бадник

Утринско будење со детски џагор, песна „Коледе-леде“ и дарување коледарчиња, па подготовка на бадниково лепче со паричка заедно со мајка ми, а потоа заминување пред Соборниот храм во Скопје, по бесплатно бадниково гранче и топол пијалак - традиција која трае со години. Зошто го сакам Бадник?

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-01.jpg

Божиќните празници навистина се едни од најубавите, а во моето семејство отсекогаш се практикувало да сме дома во овој период и сите на куп да ги поминуваме овие денови во радост и спокој. 

Додека некои се одлучуваат за патувања и прошетки, јас ги сакам сите традиции кои доаѓаат со празниците, посебно на Бадник, а потоа и на Божиќ, заедничките ручеци со поширокото семејство, што е најголемото богатство на кое сум посебно горда. 

Одвреме навреме треба да се присетиме на вистинските вредности во животот кои ќе се пренесуваат со љубов и на следните генерации. 

Има некоја посебна магија во празниците, а во продолжение издвојувам неколку причини и традиции поради кои го сакам Бадник (верувам дека многумина ќе се пронајдат): 

- Неколку дена претходно се оди на семејно пазарење за поголеми количини овошје, суви плодови, чоколатца и бонбони за подготвени да ги дочекаме коледарите на бадниковото утро

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-02.jpg

- Будење в зори на бадниковото утро со ѕвонче на врата, детски џагор, смеа и песна „Коледе-леде“, па дарување на дечињата (иако сè поретки се децата кои коледарат)

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-03.jpg

- Месење на бадниковото лепче со паричка – некогаш ѝ помагав на мајка ми во кујна, а денес таа ми дава совети преку камера како да го направам сама

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-04.jpg

- Одење со блиските пред Соборниот храм во Скопје каде Бадникарското друштво дели бесплатни гранчиња и топол пијалак за граѓаните – семејна традиција која трае 3 децении, а крие емотивна приказна

Прочитајте повеќе: Приказната на скопските бадникари кои 30 години се пред Соборен храм

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-05.jpg

- Поставување на бадниковата трпеза со домашно зготвени посни јадења и секако, светеното бадниково гранче

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-06.jpg

- Семејството е на куп, уживање во заедничка вечера и исчекување кај кого ќе се падне паричката – иако сме возрасни, секогаш постои доза на радост кога ќе ја видиш во своето лепче

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-07.JPEG

- „Кај и да си – за Бадник дома да си“ – традиција која во моето семејство секогаш строго се почитува и никогаш никој не недостасува, освен оној кој прерано си замина од овој свет

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik--.jpg

- По вечерата, слатко најадени, секако трпезата се остава да преноќи, а цело семејство е пред телевизор, под ќебе и гледа божиќен филм

8-prichini-i-tradicii-zaradi-koi-go-sakam-badnik-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg