Дали го сфативме животот премногу сериозно?

Веројатно секому му се случило да дојде дома после напорен работен ден, да ги откопча копчињата на кошулата после толку макотрпна работа, да ги крене нозете на фотелјатa и да посака за момент во главата да не чувствува ништо, да не се случува ништо.

dali-go-sfativme-zivotot-premnogu-seriozno-001.jpg

Како секојдневната врвулица да е премногу. Знаев дека не сум единствениот кој го има тоа мислење, длабоко во мене знаев.

Додека растеме не учат на милион работи на кои треба да внимаваме. Како да се однесуваме кога сме во јавност, кому да веруваме, како да јадеме кога сите зјапаат во нас, која е позицијата на телото додека читаме книга или седиме пред телевизорот.

Едноставно во тој процес согледувате дека животот има премногу правила, кои можеби изгледаат едноставно, но ако ги споите во една испреплетена низа ќе ја видите нивната комплексност.

Луѓето често плачеа, некои и кубеа коси за работите кои не им одеа од рака, некои пак престануваа да го прават она што го сакаат заради критиките, секако намерни, на злобното општество околу.

Како ние да бевме робови на животот, а не животот наш роб кој треба да оди во насока во која ние секогаш одиме. Во тие моменти знаев да се задлабочам во прозорот и да размислувам за сите тие непишани правила.

Мора да завршиш факултет, да се ожениш, мора да имаш деца, сè додека не наполниш триесет години...

Мора да се јавуваш секој петок кај твоите баба и дедо, да не дозволиш да бидеш со девојка премногу долго или воопшто да немаш девојка. Мора, мора, мора... одново и одново одекнуваше од сечија уста околу.

Така знаев да се запрашам зошто губевме нерви на толку неважни работи. Имавме огромна прилика да бидеме среќни и да ги оставиме работите на начинот на кој се, да се смееме, без правила, без ограничувања, да живееме живот кој треба да биде наполно исполнет.

Без вратоврски, костуми, кошули, сè што сакав беше еден едноставен стил кој ќе го носам секој ден, ми недостигаше, во едно такво време на преокупираност.

Колку и да звучеше иронично, наместо да уживаме во животот, ние уживавме измачувајќи се, рака на срце имаше и исклучоци кои животот го живееа по свои правила, нив можеби не секогаш, но често им симнував капа.

Се прашував зошто ние останатите не можеме и што е она што не прави да чувствуваме грижа на совест ако не се водиме според правилата на животот.

Сè што посакував беше да дојдам дома по полноќ, да го пуштам радиото на најгласно, на станицата на која имаше омилени песни. Да нарачам една мрсна,убава пица, со голема лименка пиво, да се стуткам во ќошето на гарнитурата поставена во аголот на огромната соба.

Да лежам без да правам нешто, да не мислам и да не замислувам, едноставно да зјапам во таванот без причина.

Сакав да се изнасмеам, од срце, детски, неконтролирано, во обид да си докажам и во обид да се потсетам, дека пред сѐ животот е наменет за мене, а не за правилата кои го правеа комплетно сериозен и наполно незабавен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg